HBO, Max +, Max Sport и Max Sport +, 1 месец бесплатно
Гледајте 1 месец бесплатно повеќе ТВ канали во програмските пакети на MaxTV: HBO, Max +, Max Sport и Max Sport +. При првото активирање, пакетите се 1 месец бесплатени. По изминување на бесплатниот месец, пакетот се наплаќа по редовните цени, а доколку го откажете, не се пресметуваат пенали.
Повеќе информации за ТВ пакетите
Попуст на уреди
За сите нови и постојни 3 Max корисници кои ќе потпишат договор на една година, обезбеден е попуст на малопродажните цени на компјутери и компјутерска опрема, телевизори и голем избор на други уреди. Покрај попустот, обезбедена е и можност за поедноставено купување, со плаќање на рати преку телефонска сметка.
Проверете ја понудата на уреди
За лица со посебни потреби
Ако припаѓате на оваа категорија, за вас обезбедивме специјален попуст, доколку земете кој било од пакетите 3 Max. Со потпишување на договор на една година, ќе можете да користите попуст во износ од 500 денари со вклучен ДДВ на месечниот надомест на избраната услугата.
Овој попуст важи за лица кои трајно го загубиле видот, за лица со тешка инвалидност, за инвалиди на трудот (од 80% до 100%), за глуви и наглуви лица и за параплегичари, со доставено решение од надлежен орган.
За правилно функционирање на 2 Max пакетот потребен е соодветно инсталиран и конфигуриран уред за интегриран пристап и медија приемник. Уредите ги обезбедува Македонски Телеком.
Може да изберетe опремата за Вас да ја поврзе тим на Македонски Телеком, или во случај на пакет со самоинсталација, потребно е сами правилно да ја поврзете и конфигурирате опремата.
Опремата е обезбедена во две кутии и тоа:
Кутијата во која се наоѓа следната опрема:
- Speedport W 503V уред за интегриран пристап
- Сплитер
- Еден стандарден телефонски кабел
- Еден адаптер за телефонски кабел кон Ethernet (RJ-45 во RJ-11)
- Кабел за поврзување на DSL конекторот на уредот за интегриран пристап со сплитерот (сив)
- Кабел за поврзување на телефонскиот конектор на уредот за интегриран пристап (зелен)
- Етернет кабел со конектор (RJ-45) (жолт)
- Адаптер за напојување
- Два телефонски адаптери TAE во RJ-11
И втора кутијата во која се наоѓа:
- Mедија приемник
- Далечински управувач
- Електричен кабел
- SCART кабел
- HDMI кабел
- Mрежен етернет кабел
Упатствата за инсталација и употреба на уредите можете да ги преземете ТУКА.
Доколку во процесот на поставување и користење на опремата ви е потребна помош, јавете се на бесплатниот телефонски број 122 во Службата за техничка поддршка на корисници, каде ќе добиете инструкции за инсталација на опремата.