Кредит +

  • Кредит + ти овозможува да останеш во контакт и во случај да немаш кредит.

Кредит + ти овозможува да останеш во контакт и во случај да немаш кредит. Едноставно активирај ја услугата Кредит + и добиј кредит на твојата сметка:

  • Преку говорниот автомат кој се вклучува автоматски, доколку немаш кредит за да оствариш повик;
  • По SMS со праќање KREDIT PLUS na 070 145014. Пораката не се наплаќа.

Кредитот можеш да го искористиш во рок од 7 дена (денот на активирање + 6 дена) за повици, SMS или MMS кон сите мрежи.

При првото наредно надополнување припејд ваучер, доделениот Кредит + ќе биде одземен од твојата сметка.

Услови за користење:

Услугата Кредит + е достапна за сите припејд корисници доколку:

  • Сте дополниле кредит најмалку два пати во последните три месеци (тековниот месец и претходните 2 месеца);
  • Претходниот Кредит + е надоместен од сметката.

Услугата не е достапна во роаминг.

Десктоп верзија