Што е КупиКурс?

Специјализирани курсеви достапни за секого!

КупиКурс е платформа за електронско учење на која можете да ги најдете сите потребни обуки за вашиот професионален развој и напредок. Лидерство, комуникација, продажба, маркетинг, информациски технологии, канцелариско работење... КупиКурс ви нуди долга листа на висококвалитетни обуки од речиси сите области, наменети за сите оние кои сакаат да го надградуваат своето знање, од студенти до професионалци.

Без досадни предавања! Курсевите се интерактивни, проследени со дискусии и вежби, тестирања, видео конференции и материјали за учење поставени на самата платформа, сė со цел да ви обезбедиме ефективно учење од удобноста на вашиот дом или било која локација и во кое било време.

Едноставно и брзо, со КупиКурс стекнете се со потребното знаење, кое ќе ви обезбеди успех во вашата кариера!

Комплетната понуда на обуки можете да ја погледнете на kupikurs.mk.

Како да купам курс?

Со КупиКурс учењето е едноставно како никогаш досега!

Сė што треба да направите е да се регистрирате на следниов линк, да ја побарате обуката која вам ви е потребна од моменталната понуда на платформата и да извршите електронско плаќање со вашата платежна картичка. Секоја обука можете да ја прегледувате и преслушувате неограничен број пати во рок од 30 дена по купувањето, а исто така, согласно нејзините карактеристики, можете да пополнувате тестови и квизови, да поставувате прашања и да пристапувате до материјалите кои се поставени.

Како да станам Автор на курс?

Станете дел од E- Learning револуцијата! Со КупиКурс тимот на iVote и Македонски Телеком вашето знаење и искуство ќе го пренесе на модерна платформа и ќе го направи достапно како никогаш досега.

Подобро дури и од вистинска училница! КупиКурс ќе ви обезбеди веб базирано решение за вашите обуки со можност за интеракција со слушателите, поставување на видеа и слики, материјали, видео конференции, електронски тестови и квизови, како и издавање на сертификати. Сė според вашите потреби и согласно вашиот стил на предавање!

За подетални информации околу можностите или подесување на апликацијата за Автор на курс, ве молиме кликнете на овој линк.

Десктоп верзија