Општи услови и информации

  • Корисниците на мобилни услуги кои на свое име поседуваат поени стекнати на повеќе сметки, можат заеднички да ги користат при нарачка на подароци од Каталогот на Мој клуб.
  • Поените не можат да се заменат во пари.
  • Ако еден претплатник корисник на мобилните услугите ја префрли својата линија на компаниската, поените што ги добил како индивидуален претплатник ќе бидат загубени.
  • Ако компаниски претплатник, корисник на мобилни услуги, ја префрли линијата на индивидуален претплатник и ако компанискиот претплатник не бил одговорен за плаќање на сметката, тогаш сите добиени поени ќе останат на компаниската сметка. Ако се работи за лице кое било одговорно за плаќање на својата сметка во рамките на компанијата, тогаш сите поени ќе му бидат префрлени нему, на индивидуалната сметка.
  • Производите во Каталогот можат да се разликуваат во боја или големина.
  • Производите можат да бидат различни од месец до месец.
  • Производите од Каталогот можат да се подигнат само со поени.
  • Нарачка можат да направат само активни корисници на мобилни услуги.
  • Достапноста на производите зависи од расположливата залиха во Телеком продавницата.
  • Состојбата на поените можете да ја проверите на :
    • последната месечна сметка;
    • со јавување во Контакт центарот на 122;
    • во некоја од Телеком продавниците или со најава на Мој Телеком порталот;
    • со праќање SMS на бројот на бројот 070 142 566 со содржина Mojкlub (за корисниците на мобилни услуги).
  • За корисниците на мобилни услуги постои можност за достава на подароците на адресата на која се доставува и месечната сметка . Цената на услугата изнесува 50 ден. за која било локација во цела Македонија

Македонски Телеком го задржува правото да ги менува правилата во кое било време без претходна најава.

* Услугата плаќање со траен налог можете да ја активирате со пополнување на формулар во која било Телеком продавница или во експозитура на Стопанска банка АД, Комерцијална банка АД, НЛБ Тутунска, ПроKредит банка, Уни банка или Diners Club International.

Десктоп верзија