01.12.2022 - Објава на измена на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Телеком АД (МАТЕРУО)
Во врска со предложената измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка, a врз основа на Решението на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со бр. УП1 бр.1304-456 од 29.11.2022 година и во согласност со релевантните прописи, Македонски Телеком АД ja oбјавува понудата подоле. Измените се објавуваат како верзија 2.10.

25.06.2019 - Објава на измена на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Телеком АД (МАТЕРУО)
Во врска со предложената измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка, a врз основа на Решението на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со бр. УП 1 бр.134-471 од 21.06.2016 година и во согласност со релевантните прописи, Македонски Телеком АД ja oбјавува понудата подоле. Измените се објавуваат како верзија 2.9.

06.03.2017 - Објава на измена на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Телеком АД (МАТЕРУО)
Со Решение број УП1 1304-7, доставено до Македонски Телеком АД на ден 02.03.2017, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предлог измената на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Телеком АД (МАТЕРУО). Измените се објавуваат како верзија 2.8:

11.05.2015 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
Со Решение број 0201-353/1 од 04.05.2015 година, доставено до Македонски Телеком АД на ден 05.05.2015, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје. Измените се однесуваат на усогласување со изменетиот релевантен правилник и истите се објавуваат како верзија 2.7:

25.09.2012 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
Со Решение број 02 – 756/7 од 20.09.2012, доставено до Македонски Телеком АД на ден 21.09.2012 година, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје. Измените се објавуваат како верзија 2.6:

10.04.2012 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
Со Решение број 02 – 755/5 од 06.04.2012, доставено до Македонски Телеком АД на ден 09.04.2012 година, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје. Измените се објавуваат како верзија 2.5:

21.06.2011 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
Со Решение број 02-2305/3 од 06.06.2011 година, доставено до Македонски Телеком АД на ден 16.06.2011, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје. Измените се објавуваат како верзија 2.4:

03.06.2011 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
Со Решение број 02-144/30 од 27.05.2011 година, доставено до Македонски Телеком АД на ден 31.05.2011, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје. Измените се објавуваат како верзија 2.3:

27.05.2011 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
Во согласност со Решението на Агенцијата за електронски комуникации со број 02-144/21 од 11.03.2011 година, Македонски Телеком АД ја измени својата Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје во Прилог 8Б (Надоместоци) во потточките 1.2.1, 2.2.1 и 2.2.2 и ги избриша точките 3.2.3, 4.2.2 и 5.2.3 во текстот и табелата соодветно. Согласно истото од 01.04.2011 Македонски Телеком АД – Скопје ги применува следните нови надоместоци:

Месечен Надомест За Изнајмување На Локална Јамка За Целосно Разврзан Пристап (за една парица) 331,08 денари/месечно
Месечен Надомест За Изнајмување На Локална Јамка За Поделен Пристап (за една парица) 134,01 денари/месечно
Месечен Надомест За Поделен Пристап За Користење На Повисоките Фреквенции (“naked DSL”) 332,49 денари/месечно

Надоместокот за контрола на влез/безбедносен систем за сите типови на колокација од 01.04.2011 година не се применува.

17.03.2010 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
На ден 12.03.2010 година, со Решение број 02-962/2 од 11.03.2010 година, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје.
Измените се објавуваат како верзија 2.1:

05.01.2009 -Објава на измена на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО)
Македонски Tелеком АД на ден 31.12.2008 година прими Одобрение од Агенцијата за електронски комуникации бр. 202/2 од 31.12.2008 година за измена на својата Референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО). Обврската за Македонски телеком АД за измена и дополнување на Референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО) произлегува од Новиот Правилник за ниво на деталноста на информациите што ќе бидат објавени во референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка и начинот на нивното објаснување, кој е објавен во во Службен Весник број 112 од 2008 година. Македонски телеком АД ја поднесе својата верзија на Референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО)на разгледување до Агенцијата за електронски комуникации како верзија 2.0 со допис бр. 08-412886/1 од 13.10.2008.

23.07.2008 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
На ден 18.07.2008 година, со Решение број 08-20229/1, Агенцијата за електронски комуникации ја одобри предложената измена на Референтната Понуда За Разврзан Пристап На Локална Јамка (МАТЕРУО) на Македонски Телеком АД – Скопје.
Измените, предложени по сопствена иницијатива на Македонски Телеком, се однесуваат на ажурирање на податоците во Прилог 3, кој се објавува како верзија 1.8:

05.06.2008 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
На ден 23.04.2008 година, со допис бр. 08 – 153750/1 Македонски Телеком АД – Скопје поднесе измена на Референтната понуда за разврзан пристап нд локална јамка (МАТЕРУО). Директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на 29.05.2008 година достави Одобрение бр. 08-194902/1 со кое се одобрува измената на МАТЕРУО. Согласно наведеното, Македонски Телеком АД – Скопје објавува:

30.05.2008 - Објава на измена на Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)
На ден 26.05.2008 година, Директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) достави Одобрение бр. 02 – 102/3 од 23.05.2008, со кое се одобрува измена на МАТЕРУО. Измената на МАТЕРУО е во согласност со конечниот ревизорски извештај на овластениот ревизор Друштво за ревизија и консалтинг ТРИО – КОНСАЛТИНГ, чиј избор е одобрен од Агенција за електронски комуникации, во врска со извршената ревизија на LRIC моделот на трошоци за пресметка на цени за интерконекција. Ревизијата на LRIC моделот на трошоци е направена во согласност со член 48 од Законот за електронски комуникации, каде стои дека овластен ревизор треба да ја потврди точноста на пресметковниот систем на трошоци. Македонски Tелеком АД согласно Решението од 23.05.2008година објавува:

18.02.2008 - Објава на измена на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО)

На ден 11.02.2008 година, Директорот на Агенцијата за електронски комуникации донесе Решение бр. 02 – 616/1 од 04.02.2008, со кое се одобрува измена на МАТЕРУО, согласно барањата за измена и дополнување иницирани од страна на Македонски Tелеком АД.

По сопствена иницијатива, Македонски Tелеком АД ги објавува само прифатените измени и дополнувањата на МАТЕРУО, како верзија 1.5, со следнава содржина:

08.08.2007 - Објава на измена на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка(МАТЕРУО)

Македонски Tелеком АД на ден 03.07.2007 година по сопствена иницијатива поднесе до Агенцијата за електронски комуникации предлог за изменување на МАТЕРУО, бр. 09.111/1-07 со предлог за намалување на месечниот надомест за поделен пристап. Агенцијата го одобри предлогот за изменување на МАТЕРУО, со Решение бр.05-11/2 од 01.08.2007 година, согласно кое Македонски Tелеком АД објавува:

Изменет Прилог 8.Б (Надоместоци), верзија 1.4.

Македонски Tелеком АД на ден 02.04.2007 година поднесе Барање за одобрување на изменета верзија на одобрената МАТЕРУО согласно пресметковниот систем на трошоци претходно доставен до Директорот како орган на Агенцијата за електронски комуникации. Бидејќи Агенцијата за електронски комуникации не донесе одлука за поднесената предлог изменета верзија на МАТЕРУО од страна Македонски Tелеком АД, согласно овластувањата на Комисијата како орган на Агенцијата за електронски комуникации кој постапува и донесува одлуки во втор степен, донесе делумно Решение бр. 11-72/2 од 16.07.2007 година за одобрување на техничките детали од поднесената изменета верзија на МАТЕРУО и одбивање на предложените цени. Делумното Решение е доставено до Македонски Tелеком АД на 06.08.2007 година, согласно кое АД Македонски Телеком објавува:

07.06.2007 - Објава на измена на референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО)

Македонски Tелеком АД на ден 15.02.2007 година прими Решение од Агенцијата за електронски комуникации бр. 02-1/1 од 14.02.2007 година за измена на својата Референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО). Македонски Tелеком АД на ден 02.04.2007 година поднесе изменета верзија на МАТЕРУО согласно пресметковниот систем на трошоци претходно доставен до Директорот на Агенцијата за електронски комуникации. Со оглед на тоа што и по истекот на 60 (шеесет) дена од денот на доставување на МАТЕРУО, Директорот на Агенцијата за електронски комуникации не донесе одлука за одобрување/неодобрување на поднесената изменета верзија на МАТЕРУО и административната процедура се уште не е завршена, Македонски Tелеком АД согласно Решението од 14.02.2007 година објавува:

24.07.2006 - Објавена првата референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО)

Kако оператор на јавна фиксна комуникациска мрежа со значителна пазарна моќ на пазарот за фиксни говорни телефонски мрежи и услуги и како субјект кој поседува електронска комуникациска мрежа потребна за обезбeдување на овие услуги – е обврзан, во согласност со Законот за електронските комуникации (Службен весник 12/2005), да обезбеди опсег на услуги специфицирани со него и со релевантниот подзаконски акт за разврзан пристап на локална јамка и Македонски Tелеком АД врз основа на овие обврски, ја објавува својата референтна понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО) како што е одобрена од Агенцијата за електронски комуникации која дефинира услови и рокови за алтернативните оператори на јавни комуникациски мрежи/даватели на јавни комуникациски услуги кои побарале разврзан пристап на локална јамка.

Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на Македонски Tелеком АД (МАТЕРУО) ги вклучува техничките и правните услови со чие исполнување може да се обезбеди разврзан пристап на локална јамка на алтернативните оператори на јавни комуникациски мрежи/даватели на јавни комуникациски услуги кои го побарале пристапот од Македонски Tелеком АД.
На овој начин после изведувањето на разврзан пристап на локална јамка, алтернативните оператори или даватели можат да обезбедуваат услуги на фиксна говорна телефонија и/или широкопојасни услуги за пренос на податоци на своите крајни корисници.

МАТЕРУО влегува во сила на денот на нејзиното објавување 24.07.2006.

Македонски Tелеком АД во согласност со развојот на разврзан пристап на локална јамка ќе објави “Листа на опрема што може да биде поврзана на мрежата на Македонски Tелеком АД“ и истата ќе биде редовно и регуларно надополнувана според извршени мерења на новата опрема која претходно не била на листата.претплатничките телефонски улсуги.

МАТЕРУО - Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка

Листа на опрема што може да биде поврзана на мрежата на Македонски Телеком

Десктоп верзија