Систем за самоуслужување

Нашите корисници се нашата мотивација за движење напред. Затоа напорно работиме да останеме лидери во техничките иновации, воведувајќи новитети и системи кои ви овозможуваат сè полесно користење на нашите услуги.

Свртете *122# и на екранот од вашиот мобилен телефон ќе се појави нумерирана листа со достапни услуги. Впишете го бројот што се наоѓа пред услугата што сакате да ја активирате во празното поле на дното од екранот или во SMS порака, зависно од вашиот телефон, и истата ќе ви биде веднаш активирана.

Визуелниот автомат е достапен во секое време. Навигацијата е бесплатна, како од Македонија така и од која било друга земја во роаминг.

Преку визуелниот автомат можете:

  • Да дополните припејд сметка
  • Да активирате и деактивирате услуги
  • Да си го нагодите телефонот за интернет и ММЅ
  • Да ги менувате броевите во Мојот круг
  • Да си проверите состојба на сметка

Покрај тоа, нудиме две комплетно нови услуги достапни само преку овој канал:

  • Дополни ми кредит
    Пратете бесплатно барање до постпејд корисник за дополнување кредит на вашата припејд сметка. До услугата може да се пристапи најмногу три пати во едно деноноќие.
  • Препорачај на пријатели
    Откако ќе ја активирате услугата Бесплатни разговори во Мојот круг, можете да пратите бесплатна автоматска SMS порака до броевите во вашиот круг со информација и препорака и тие да ја активираат услугата.
Десктоп верзија