И во 2025 година продолживме со силно темпо на инвестиции, модернизација и развој на телекомуникациската инфраструктура, потврдувајќи ја лидерската позиција во обезбедувањето најквалитетни телекомуникациски услуги во Македонија. Континуирано вложувавме во најсовремени технологии и мрежни капацитети со цел на корисниците да им овозможиме супериорно дигитално искуство и пристап до најнапредните услуги.
Уште еднаш добивме меѓународна потврда за квалитетот на мрежата. Во 2025 година ја освоивме престижната награда Ookla® за најдобра мобилна мрежа и најбрза фиксна мрежа во Македонија. Ова признание е резултат на континуираните инвестиции во развојот на мобилната и фиксната инфраструктура, како и на нашата посветеност кон обезбедувањето највисоко ниво на квалитет и сигурност.
Продолживме со интензивен развој на 5G-мрежата, којашто до крајот на 2025 година стана достапна за 97 % од населението во Македонија. Со ова дополнително ја проширивме покриеноста и овозможивме уште поголем број корисници да ги користат придобивките од најновата генерација мобилни комуникации, вклучувајќи повисоки брзини, поголем капацитет и подобрено корисничко искуство.
Значајни резултати постигнавме и во развојот на оптичката инфраструктура. Во текот на годината изградивме 24 500 нови оптички пристапи, со што вкупниот број достигна 368 804 пристапи на крајот од 2025 година. Со тоа, Македонски Телеком располага со најголемата оптичка мрежа во државата, со двојно повеќе оптички пристапи од сите останати оператори на пазарот заедно. Тоа се дополнителни 204 километри оптичка мрежа, или вкупна должина од 7 250 километри оптика низ целата земја, што овозможува гигабитни брзини и сигурна конективност за домаќинствата и компаниите.
Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, продолживме да работиме на воведување нови технолошки решенија и напредни дигитални алатки коишто дополнително ги подобруваат перформансите на мрежата и ефикасноста на работењето. Нашиот фокус останува насочен кон иновациите и примената на најсовремени технологии коишто ќе одговорат на растечките потреби на дигиталното општество.
2025 година беше уште една година на значаен напредок и силни инвестиции во развојот на мрежата. Продолжуваме да ја градиме телекомуникациската инфраструктура на иднината, зацврстувајќи ја позицијата на Македонски Телеком како лидер во примената на нови технологии и обезбедувањето најдобро корисничко искуство во Македонија.