Профил на Компаниите
Фиксна и мобилна мрежа со врвен квалитет, извонредно брз интернет и забавни содржини со MaxTV се првите синоними за Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија.
Компанијата во чиј фокус се двата најважни пилари на нејзиниот бизнис, приватни и деловни корисници, во своето портфолио нуди фиксни и мобилни услуги, како и интегрирани решенија, кои се единствени на пазарот во Македонија.
Модернизацијата на мрежите и иновациите во однос на пристапот до атрактивни содржини и апликации се главната насока на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија во периодот 2012-2015 година, за остварување на концептот „Поврзани живот и работа“.
Затоа, во средиштето на компаниските планови е развој на производи и понуда на дигитализирани и персонализирани услуги достапни за корисниците, без оглед на тоа дали тие се дома, на работа или во движење.
MАКЕДОНИЈА ПРВА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА СО ИНТЕРНЕТ ПЛАТФОРМА ЗА ПОЛЕСЕН ЖИВОТ
Фиксната мрежа целосно базирана на интернет протокол, која што Македонија прва во Европа ја имплементираше, обезбедува платформа за развој на нови конвергентни производи и мултимедијални услуги со висок квалитет.
Таа ја има стартешката важност, да речеме, на еден ултра модерен авотпат, по кој е овозможен интернет сообраќај со голема брзина. Последната точка е самиот краен корисник, кому преку новите услуги кои ги поддржува оваа платформа, животот значително ќе му се олесни и ќе му обезбеди екстра време благодарение на новите конвергирани мултимедијални услуги со супериорниот квалитет.
Така, со поврзувањето на домот на овој „автопат“, тој станува отворен за контролирани и модерирани уреди преку интернет, како што сега е телевизорот со MaxTV, а во блиска иднина и останатите апарати од домаќинството.
Во делот на информатичко-комуникациските технологии, новата платформа наоѓа голема примена и кај деловните корисници, на кои им обезбедува интегрирани решенија за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста во работата.
Придобивки од модернизацијата на мрежите има и општеството. Со испраќањето во историјата на старата технологија се намалува потрошувачката на енергија.
Прочитај Повеќе
Тило Куш, Извршен член на ОД и Главен извршен директор
Назим Буши, Заменик Претседател и неизвршен член на ОД
Михај Немет, Неизвршен член на ОД
Валтер Голдениц, Неизвршен член на ОД
Јанош Сабо, неизвршен член на ОД
Сузане Крогман, Неизвршен член на ОД
Томас Панханс, Неизвршен член на ОД
Александар Стојков, независен член на ОД
Манојил Јаковлески, независен член на ОД
Тамаш Вагани, Независен член на ОД
Миклош Васили, Независен член на ОД
Горан Ивановски, Неизвршен член на ОД
Жарко Луковски, Извршен член на ОД и Главен извршен директор
Славко Пројкоски, Извршен член на ОД и Главен оперативен директор
Михај Немет, Неизвршен член на ОД
Сузане Крогман, Неизвршен член на ОД
Валтер Голдениц, Неизвршен член на ОД
Јанош Сабо, Неизвршен член на ОД
Небојша Стајковиќ, Неизвршен член на ОД
Ирена Мишева, Неизвршен член на ОД
Иванчо Вучевски, Неизвршен член на ОД
Гзим Острени, Неизвршен член на ОД
Томас Панханс, Независен член на ОД
Тамаш Вагани, Независен член на ОД
Владимир Здравев, Независен член на ОД
Корпоративно Управување
Во согласност со законските прописи и Статутот на Македонски Телеком АД – Скопје (Македонски Телеком/Друштвото), органи на Македонски Телеком се Собранието и Одборот на директори.
Корпоративното управување на Македонски Телеком има за цел да биде поголема транспарентност преку обезбедување на следните информации:
- Надлежности на Собранието на Македонски Телеком АД - Скопје
- Улоги, одговорности и членови на Одборот на директори
- Независниот ревизор
- Други релевантни информации (акти на Македонски Телеком и управување со ризици)
„Одржувај-Трансформирај-Иновирај“ беше насоката по која се движевме во изминатата 2013 година. Неопходно за компанијата беше да посвети внимание и да го насочи на неколку области во текот на 2013 година, доколку сакавме да ја задржиме лидерската позиција, да останеме предводници на телекомуникациите и иновациите во Македонија, да останеме најпрофитабилни. Неопходно беше да ја поедноставиме организационата структура пред се, да создадеме партнерства со компании и индвидуалци кои ја делат нашата визија и аспирација, да иницираме и воведеме иновации, но и да работиме на развој на компаниската култура -ориентираност кон корисниците секогаш и пред се.
за 2013 година
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД – СКОПЈЕ КОНСОЛИДИРАНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
за годината којашто завршува на 31 декември 2013 со извештај на Независниот Ревизор