МОЈ ТЕЛЕКОМ ЗА БИЗНИС

Нов портал за деловни корисници - нова можност за дигитално управување со вашите деловни телекомуникациски услуги во секое време и од секое место, преку компјутер или мобилен уред.

За да можете да го користите МОЈ ТЕЛЕКОМ ЗА БИЗНИС потребно е да имате пристап до новиот портал.

Доколку, сте го обезбедиле пристапот - само најавете се со вашите корисничко име и лозинка.

Доколку, сеуште немате пристап до новиот портал - само испратете нѝ барање за пристап од вашата службена е-пошта.

По приемот на вашето барање, нашите агенти ќе ве контактираат во најкус можен период.

Човек работи на компјутер

МОЈ ТЕЛЕКОМ ЗА БИЗНИС ВИ ОВОЗМОЖУВА:

КАКО ДА ДОБИЕТЕ ПРИСТАП ДО НОВИОТ ПОРТАЛ
МОЈ ТЕЛЕКОМ ЗА БИЗНИС?

1

Испратете барање

Од вашата службена е-пошта, испратете ни ги податоците за компанијата: назив, ЕДБ и телефон за контакт на следнава е-пошта:
DigitalenAdministrator@telekom.mk .
Пред да продолжите кон чекор 2, ќе добиете повик од нашиот агент.

2

Најавете се на Мој Телеком

Доколку имате креирано профил Мој Телеком,
најавете се и започнете го процесот на регистрација за управување со дигитални услуги. Потребно е да бидете најавени со е-поштата којашто секогаш ќе ја користите за дигитално управување со вашите услуги.

3

Направете верификација на вашата е-пошта

На вашата е-пошта ќе добиете линк за верификација, по што ќе можете да го продолжите процесот на регистрација.

4

Внесете ги вашите лични податоци

Внесете го вашиот мобилен број и побарајте код за валидација.

5

Верификација на вашиот мобилен број

Внесете го кодот за валидација којшто ќе го добиете преку СМС порака.

6

Успешна регистрација со завршување на сите чекори

Успешно ја завршувате регистрацијата за управување со дигитални услуги. Најавете се на Мој Телеком за Бизнис или на апликацијата Telekom МК и пристапете до телекомуникациските услуги што ги користи вашата компанија.

ВИДЕО УПАТСТВО