Услугата плати сметка
претставува електронско плаќање на месечните сметки за постпејд приватните корисници
на Т-Mobile и T-Home и се реализира во четири чекори.
Чекор 1
Трансакцијата започнува на веб страницата на T-Mobile или T-Home каде што се внесува бројот
на сметката и oптичката потврда која е неопходна за да се избегне автоматизирана
злоупотреба на функционалноста.
Веднаш потоа, со притискање на копчето "Верификација" автоматски се прикажува износот
на сметката која преку копчето „Додади во листа“ се внесува во Листата на сметки.
Услугата овозможува едновремено плаќање на повеќе сметки, преку повторување на
истите постапки. Доколку во листата имате повеќе од една сметка, износот во денари
ќе биде сумиран и при понатамошните постапки ќе биде платен од Вашата платежна картичка.
За да добиете потврда за уплатата, задолжително е да ја оставите својата е-адреса.
По ваша желба, доколку сакате да добиете SMS известување за успешноста на трансакцијата,
можете да го оставите и својот мобилен телефонски број. По притискање на копчето
"Потврди", пристапувате кон извршување на плаќањето.
Чекор 2
Во Чекор 2 сте пренасочени на страницата овозможена од Стопанска Банка, каде што
ќе го вршите плаќањето. На оваа страница, од левата страна ги оставате Вашите лични
податоци и податоците за платежната картичка:
- Име и презиме (како корисник на платежната картичка),
- Тип на картичка: VISA, MasterCard или домашна картичка,
- Бројот на картичката,
- Последните 3 цифри од задната страна на картичката, односно CVV2/CVV кодот потребен
за верификација и
- Датумот на истекување на платежната картичка.
Додека сте пренасочени на веб страницата на Стопанска Банка, Т-Mobile нема увид
во податоците што ги внесувате.
Десно на оваа страница се проследени внесените податоци од Чекор 1:
- Бројот на сметката за плаќање,
- Износот за плаќање во денари,
- Вашата е-адреса и
- Вашиот мобилен телефонски број доколку сте го оставиле за добивање SMS известување
за успешноста на трансакцијата.
Чекор 3 На оваа страница имате можност да ги потврдите
внесените податоци и да продолжите понатаму, или да се откажете од електронското
плаќање сметки. Сe уште се наоѓате на страницата на Стопанска Банка.
Чекор 4 По извршувањето на плаќањето, повторно сте пренасочени на веб
страницата на Т-Mobile, каде што Ве информираме за успешноста на трансакцијата.
На Вашата е-адреса ќе добиете потврда за трансакцијата, а на Вашиот мобилен број,
доколку сте го оставиле - информација за успешноста на трансакцијата.