Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Анализа на корисничко искуство со AI

Дали сакате да креирате аналитички модели со користење на Crowdsource податоци?

Можност за примена на AI и машинско учење за мерење на корисничкото искуство (CX) преку обработка и анализа на податоци собрани при користење на апликации. Ако сакате да истражувате како аналитиката го унапредува бизнисот во телекомуникациската индустрија, ова е проект за вас!

Повеќе за проектот

Проектот има за цел да развие AI аналитички модел кој ќе мери и анализира корисничко искуство на продуктите, базирани на податоци собрани од краудсорсинг. Ќе научите како да ги подготвувате и анализирате податоците, да инсталирате и ракувате со AI/ML модели и да ги евалуирате резултатите.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на анализа и подготовка на податоци за развој на AI/ML модел кој ќе ги мери аспектите на корисничкото искуство на продуктите. Дополнително, ќе учествувате во инсталација, работа и евалуација на резултатите од моделите, обезбедувајќи практична примена на AI концепти во телекомуникацискиот бизнис.

Квалификации

  • Основно познавање за работа со податоци.
  • Предност е основно знаење за AI/ML.
  • Желба за учење и истражување на AI/ML технологии.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Ќе стекнете знаења за AI/ML концепти применети во реален бизнис контекст.
  • Ќе се запознаете со телекомуникацискиот сектор и разберете податоци, продукти и корисници.
  • Практична примена на анализа на податоци и моделирање за подобрување на корисничкото искуство

Ако сакате да ја комбинирате аналитиката со иновативни технологии за да ги подобрите корисничките искуства, АПЛИЦИРАЈТЕ

Десктоп верзија