Заедно за заштита на животната средина
Климатските промени го засегаат целиот свет и имаме заедничка одговорност да го намалиме негативното влијание врз природата. Да преземеме нешто сега и да направиме разлика за подобра иднина на сите, заедно со вас, нашите корисници, како партнери во остварување на заедничката цел – почиста животна средина.
Затоа, на Глобалниот ден на рециклирањето – 18 март, започнавме со иницијатива за рециклирање на старите мобилни телефони.
Во сите наши продавници, во партнерство со „Нула Отпад“, ќе ги собираме старите мобилни телефони со цел, заедно со вас, да го подобриме процесот на намалување на електронскиот отпад.
Иницијативата Еко-попуст е одраз на заложбите на Телеком, како еколошки свесна компанија, да придонесе кон намалување на штетното влијание врз природата и кон создавање поздрава животна средина. Оваа иницијатива го носи печатот за квалитет, одговорност и одржливост #GreenMagenta.