За целосна дигитализација на вашите деловни процеси

Digitaliziraj delovni procesi

ПРОМОТИВНО

Активирајте нова Pantheon Cloud лиценца во период од 16.12.2024 – 15.01.2025 и искористете ја промоцијата од 100% попуст на месечниот надомест за Pantheon Cloud лиценцата во период од 3 месеци.

PANTHEON CLOUD

Што е Pantheon Cloud?

Pantheon Cloud е напредно софтверско решение базирано на Телеком Cloud кое ги покрива сите деловни процеси: од нарачки и фактурирање, сметководство и плати, па сè до управување со производство и деловна аналитика. Наменет за сите компании од која било дејност. Погоден и за сметководствените бироа и нивните клиенти, овозможувајќи им истовремена работа и автоматска размена на податоци, притоа заштедувајќи време и намалувајќи трошоци.

e-smetkovodstvo

E–сметководствено работење на компаниите и сметководствените бироа

delovna analitika

Деловна аналитика

biznis intelegencija

Бизнис интелигенција – планирање (буџетирање), извештаи и анализи

За кого е наменет?

Pantheon Cloud е развиен за да одговара на сите компании, без разлика на нивната големина или дејност, и тој нуди соодветни решенија за:

  • мали компании со надворешно сметководство, како комерцијални и услужни компании, за лесно креирање финансиски документи, нивно складирање и управување;
  • трговија на мало и големо, каде што обезбедува целосна покриеност на процесите, со можност за поврзување со POS и фискална каса, следење на процесите на нарачка и испорака, интеграција со е-продавница и магацини, изготвување документи, информации за клиенти, ценовници, како и прегледи на продажба;
  • големи компании, со вклучен модул за бизнис интелигенција за планирање, извештаи и анализи, алатка за анализа на процесите наменета за менаџери и сопственици;
  • сметководствени бироа, со решение коешто им овозможува истовремен пристап до софтверот на корисникот и користење иста база, за автоматско преземање и книжење на документите, изработка на извештаи и биланси, пополнување и достава на ДДВ пријава, пресметка на плати, материјално работење итн.;
  • јавни институции, со решение прилагодено според нивните потреби, со едноставен контен план, биланси и евиденциско книжење;
  • производствени компании, со решение за надзор и управување со сите производствени процеси, управување со складиште, залихи и царина, финансиско и сметководствено работење и пресметки, сервисни услуги, патни налози, кадрово работење итн.

Придобивки

avtomatizacija

АВТОМАТИЗАЦИЈА

Целокупното работење е на едно место. Документите во системот се внесуваат еднаш и се обработуваат без повторен препис. Повеќе време за советување и анализи. Едноставен и брз пристап преку интернет од каде било и во кое било време.

zakonska usoglasenost

ЗАКОНСКА УСОГЛАСЕНОСТ

Напреден ERP софтвер, aжуриран согласно последната законска регулатива на РМ. Достапен и во неколку различни законодавни и јазични локализации од Југоисточна Европа, коишто можат да се комбинираат за потребите на компаниите.

sigurnost

СИГУРНОСТ

Редундантна хардверска инфраструктура инсталирана во целосно опремен и заштитен податочен центар на Македонски Телеком, со најсовремени системи и постапки за одржување и back up копии на базата на податоци.

zashteda

ЗАШТЕДА

Без вложување во инфраструктура и софтвер, единствено плаќате месечен надомест според избраниот тип на лиценца. Заштеда на време и патни трошоци.

uslugi

Услуги

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

Благајна

Нарачки

Електронско и интернет работење

Издавање и прием на фактури

Патни налози

Залихи и складишта

Основна кадрова евиденција

Даночна потврда на фактури

Пресметка на ДДВ

Работа со странство

Сметководство

Основни средства

Сервис

Персонална плата

Напредна кадрова евиденција

Основно производство

Основни работни налози

BI – основни контролни табли

BI – контролни табли по потреба

BI – анализи, извештаи, планирање

Производство

Простор на диск

Цена по лиценца
(месечна претплата)

Е-Сметководство

Web Light

500MB
924 1.090
ден.

Одлични за мали бизниси

LX

LT/LT3

i

Мрежна лиценца (до 3 лиценци, цена по лиценца)

500MB
800944
ден.
500/750MB
2.0402.407
ден.

Прилагодени за малопродажба

RT

RE

250MB
1.048 1.237
ден.
500MB
1.606 1.895
ден.

Големи бизниси

SE

500MB
2.474 2.919
ден.

Јавни институции

GE

500MB
2.784 3.285
ден.

Големи бизниси и сметководство

ME

500MB
2.722 3.212
ден.

Производство

MF

1.000MB
4.024 4.748
ден.

Во цената на услугата не е вклучена иницијалната инсталација и конфигурација на Pantheon Cloud. Иницијалната инсталација и конфигурација се плаќа еднократно со почетокот на користењето на услугата.

Во цената не е вклучена поддршка за услугата. Постои можност за дополнителна месечна претплата за поддршка за услугата.

  • Цени без ДДВ
  • Цени со ДДВ

Дополнителен простор
за складирање податоци

1x1 GB

149 176
денари месечно

Дополнителен простор
за eДокументација

1x1 GB

186 219
денари месечно
Pantheon cloud пакет 10GB 50GB 50GB
еБекап
180 212
денари месечно
614 725
денари месечно
1.110 1.310
денари месечно

еБекап е дополнителна услуга во нашата понуда којашто се однесува на Pantheon лиценците коишто се хостирани локално кај корисникот.

Повеќе инфо за Pantheon Cloud

Прашања и одговори

Не, договорот е на неопределено време со можност кога било да го раскинете.

Пристап до базата на податоци имате само Вие со корисничко име и лозинка кои само Вие ги знаете.

  • Брзо книжење без дупли внесови. Со Pantheon Cloud можете да книжите автоматски примени и издадени сметки, пресметка на ДДВ, плати, патни налози и други лични примања, производство и употреба на материјални средства. Притоа, бројот на грешките при внесот на податоци се сведува на најниско можно ниво.
  • Законско прилагодување и усогласеност со меѓународните стандарди. Надоградбата на програмата се врши при значајни промени во законот, кои преку интернет автоматски се пренесуваат до сите корисници. Така сметководствениот сервис секогаш работи согласно законските прописи.
  • Pantheon Cloud овозможува електронско праќање на сите релевантни обрасци до надлежните државни институции, а со тоа скенираните документи можат брзо да се разменуваат со клиентот.
  • Деловна аналитика. Со деловната аналитика, сметководителот на своите клиенти може да им понуди деловен совет. Така се надминува рамката за „класичното” сметководство и станува надворешен соработник во фирмата на својот клиент.
  • Стабилноста и сигурноста се на прво место. Нема потреба повеќе да се грижите дали вашиот сметководствен програм правилно ќе работи и дали книжењето ќе остане во базата.

Сметководството има можност за експресно издавање деловни извештаи, кои од Pantheon Cloud се извезуваат во PDF, Excel, Word или преку електронска пошта. Така што клиентот е во тек со сė што се случува со неговите финансии.

Data Lab
Десктоп верзија