Shape

Вашиот бизнис е секогаш безбеден

Безбедносен оперативен центар - SOC

Безбедносен оперативен центар (SOC - Security Operation Center)

Онлајн заканите се многу реална и постојана појава во дигиталниот деловен свет. Со развојот на дигитализацијата еволуираат и заканите во интернет опкружувањето. Затоа, од клучно значење е да се има алатка којашто ќе овозможи постојано следење на интернет заканите и давање брз одговор. Македонски Телеком го има решението за безбеден бизнис секогаш. Услугата Безбедносен оперативен центар обезбедува максимална заштита на работните станици, како компјутери и сервери, од разни интернет опасности. Со постојаната активност на услугата, 24 часа на ден, 365 дена во годината, се минимизира опасноста од безбедносните инциденти кои ги афектираат работните станици, а коишто произлегуваат од работењето на интернет.

SOC обезбедува единствена, унифицирана услуга базирана на докажана платформа за детекција, анализа и опоравување од широкиот спектар интернет напади преку:

  • Endpoint Detection and Response (EDR): откривање безбедносни настани и нивно проследување за понатамошна обработка
  • Network Traffic Analysis (NTA): откривање аномалии во мрежниот сообраќај
  • User and Entity Behavior Analytics (UEBA): анализа на однесувањето на корисниците и на системите
  • Класификација и ескалација на приоритетни безбедносни настани
  • Креирање месечни извештаи со статистика и индивидуални безбедносни настани
  • Автоматизиран одговор на инцидентите

Интернет безбедноста станува сè покомплексна

icon1

Сѐ почести и пософистицирани напади насочени кон бизниси од сите големини

icon2

Зголемени финансиски штети предизвикани од интернет напади

icon3

Загрозување на репутацијата на компаниите како резултат на интернет нападите

Зошто SOC?

  • Зголемена сигурност: континуирано следење на безбедносните инциденти и проактивен одговор на закани
  • Пониски трошоци: користењето на безбедносните операции на SOC е поисплатлива опција отколку да изградите сопствен тим за безбедност што бара значителни финансиски ресурси и време
  • Справување со напади со помош на повеќе различни технологии коишто автоматски се надградуваат;
  • Заштеда на времето и на напорите на компаниите за купување, интегрирање и управување со повеќе безбедносни решенија
  • Клиентот може да остане фокусиран на бизнисот додека Телеком се грижи за ИТ безбедноста
icon2

За кого е наменета?

SOC услугата е намената за компании коишто имаат:
  • Ограничена експертиза и ресурси за ИТ безбедност;
  • Тековна делумна заштита (антивирус или базичен безбедносен уред), но со потреба од комплетна заштита;
  • Потреба за инвестирање во својот главен бизнис, наместо енормни трошоци за ИТ безбедност.
icon2

ПАКЕТИ Пакети и дополнителни услуги

Содржина на Silver пакет

Месечен извештај за настанатите закани

Глобален прилагоден прирачник (Playbooks) достапен за сите корисници на SOC

Автоматска изолација на сомнителен сообраќај во согласност со прилагодениот прирачник

Нотификации преку e-mail коишто содржат основни извештаи за настанатите закани

Корисничка поддршка преку e-mail

Содржина на Gold пакет

Месечен извештај за настанатите закани којшто може да се прилагоди според потребите на корисникот

Прилагоден прирачник (Playbooks) којшто се креира според потребите на корисникот

Автоматска изолација на сомнителен сообраќај и вклучени мерки за критичните системи

Нотификации преку e-mail коишто содржат основни извештаи и можат да се прилагодат според потребите на корисникот

Пристап до конзола (за корисници коишто имаат над 50 крајни уреди)

Корисничка поддршка преку e-mail

Корисничка поддршка по телефон

Дополнителни услуги со доплата

  • Форензичка истрага
  • Одговор на инцидент
Десктоп верзија