Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Аугментирана реалност (AR) и Виртуелна реалност (VR)

Дали би сакале да бидете дел од оние што ја создаваат виртуелната или пак аугментираната реалност? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто!

Повеќе за проектот

Со пристап до базата на податоци на МКТ инвентарот (NetCracker, Адресен регистар, GIS систем) може да ја визуализираме фиксната и мобилната инфраструктура. Целта на овој проект е да развие софтвер за визуализација на опремата и инфраструктурата на МКТ кој ќе биде достапен на паметен телефон или таблет, поврзување на атрибути за секој елемент од инфраструктурата и видео упатства за ракување со инфраструктурата и опремата.

Времетраење на проектот: 6 месеци до 1 година

Што сакаме да постигнеме?

AR и VR ќе овозможат побрз одговор при одржување на МКТ инфраструктурата и опремата, како и побрзо обезбедување на корисничките услуги. Со прикажувањето на аугментираната или виртуелната реалност, ќе се поедностави работењето и ќе се овозможи побрза адаптација на нови вработени, ќе може да се врши промена во системите за инвентар на МКТ во живо и ќе се подобри корисничкото искуство.

Вашите секојдневни активности

Ќе подготвувате податоци за AR и VR системите и од вас се очекува да дадете нови идеи и мислења за употребата на AR и VR. Ќе работите на изработка на апликација и ќе бидете вклучени во усогласувањето на податоците, дигитализација на податоци што недостасуваат, и во градење на AR системот.

Квалификации

Овој проект е наменет за студентите од доменот на ИТ, електротехника и телекомуникации. Потребен ни е тимски играч, со креативен mindset, аналитички способности и основно познавање на бази на податоци и програмирање.

Зошто да аплицирате?

Дали ви звучи возбудливо да работите со најновите технологии, да учествувате во идната примена на AR и VR и да придонесете во анализите и развојот на футуристички идеи?

Десктоп верзија