За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Автономен „Еко-пилот“ за флота и следење на јаглероден отпечаток

Како технологијата може да помогне возниот парк да стане поефикасен и поеколошки?

Во овој проект ќе работите на AI модул кој анализира телематски податоци од возила и предвидува поефикасни рути, додека автоматски го пресметува јаглеродниот отпечаток на флотата.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој на интелигентен модул за Fleet Management платформата кој користи анализа на податоци и AI алгоритми за оптимизација на рути и подобрување на ефикасноста на возниот парк. Истовремено, системот ќе генерира ESG извештаи за јаглеродниот отпечаток, овозможувајќи компаниите подобро да го следат и намалуваат влијанието врз животната средина.

Ваши секојдневни активности

Ќе работите со реални телематски податоци од возила (GPS, OBD2) и ќе учествувате во развој на аналитички и оптимизациски модели кои ја подобруваат ефикасноста на флотата. Во текот на проектот ќе имате можност да учествувате во анализа на големи податочни сетови, развој на алгоритми за оптимизација на рути и креирање аналитички модели кои овозможуваат подобро управување со возниот парк.

Квалификации

  • Основни познавања за AI, IoT технологии и анализа на податоци.
  • Основно познавање или искуство за софтверски развој.
  • Интерес за big data, predictive analytics и оптимизациски алгоритми.
  • Желба за учење и работа со реални податоци и дигитални технологии.
  • Флексибилен и проактивен пристап во тимска средина.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со AI и predictive analytics користејќи реални телематски податоци.
  • Запознавање со ESG и моделирање на јаглероден отпечаток.
  • Работа со big data и оптимизациски алгоритми за реални бизнис предизвици.
  • Искуство во развој на дигитални решенија за паметно управување со флота.
  • Одличен проект за портфолио во области како AI, IoT и data analytics.

Ако сакате да работите на AI решенија кои комбинираат паметна мобилност, податоци и одржливост, АПЛИЦИРАЈТЕ!