Одржливост искомбинирана со перформанси
T Phone 3 Pro ги следи индустриските стандарди поставени од претходната генерација, што покажува дека не е потребно да се прават отстапки во перформансите и пристапноста за да се задржи високото ниво на одржливост. T Phone 3 Pro се истакнува во поглед на одржливоста и постигна одличен резултат на Eco Rating со оцена 88/100. Дополнително, T Phone 3 Pro ја носи ознаката Green Magenta од Дојче Телеком.
Ознаката #GreenMagenta се доделува на производи коишто придонесуваат за заштита на климата и за одговорна употреба на ресурсите. Таа служи како водич за корисниците кога одлучуваат кој производ да го изберат. Откако постигнавме големи намалувања на емисиите на стакленички гасови со T Phone 2 Pro преку оптимизирање на најголемите извори на емисии за време на производството, новата генерација го одржа истото ниско ниво на емисии бидејќи е дизајнирана според истите спецификации за еко-дизајн. Покрај тоа, постигнавме уште подобра оцена на Eco Rating за T Phone 3 Pro во споредба со претходните модели, благодарение на подобрувањата во ефикасноста на материјалите. На пример, ја подобривме поправливоста на T Phone 3 Pro. Дополнително, постигнавме подобрувања во однос на употребата на рециклирани материјали.
T Phone 3 продолжува да ги исполнува стандардите во индустријата поставени од претходната генерација, докажувајќи дека одржливост може да се постигне без да се прават отстапки во перформансите и достапноста.
T Phone 3 се издвојува по својата одржливост. Има одлични Eco Rating резултати. Со оцена 90/100, тој е далеку пред другите во рангирањето. Покрај тоа, T Phone 3 има ознака Green Magenta од Дојче Телеком. Ознаката Green Magenta се доделува на производи коишто позитивно придонесуваат за заштитата на климата и за одговорното користење на ресурсите. Ознаката служи и како водич за корисниците во донесувањето одлуки при купувањето.
Откако беа постигнати големи намалувања на емисиите на стакленички гасови со T Phone 2 преку оптимизирање на најголемите извори на емисии за време на производството, новата генерација има исто ниско ниво на емисии, бидејќи е дизајнирана според истите спецификации за еко-дизајн. Дополнително, со T Phone 3 е постигнат уште подобар резултат на Eco Rating од претходните модели преку подобрување на ефикасноста на материјалите. На пример, поправливоста на T Phone 3 е подобрена. Дополнително, постигнавме подобрувања во однос на употребата на рециклирани материјали.