ТЕЛЕКОМ ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Што може да се купи во Телеком онлајн продавницата?

Во Во онлајн продавницата на Телеком можете да купите мобилни телефони, таблети, паметни часовници, таблети без СИМ картичка, фрижидери, климатизери, мали апарати, машини за перење, прочистувачи на воздух, машини за сушење, машини за садови, машини за перење и сушење, футроли, заштитни фолии и стакла, мемориja, полначи, слушалки, адаптери, приклучоци и кабли, батерии, фиксни телефони, звучници, е-тротинети, лаптопи, конзоли за игри, телевизори, монитори, мрежна опрема, персонални компјутери, печатачи, додатоци.

Како да пристапам до Телеком онлајн продавницата?

До онлајн продавницата на Телеком се пристапува преку главното мени на telekom.mk, со одбирање на категоријата Уреди каде што можете да одберете една од поткатегориите во онлајн продавницата: мобилни уреди, ТВ, компјутери и опрема, апарати за дома, дополнителна опрема.

Кој може да купува во Телеком онлајн продавницата?

Во Телеком онлајн продавницата можат да купуваат сите приватни и деловни корисници на Македонски Телеком. Приватните корисници при онлајн нарачките често имаат можност да користат поволности достапни само во онлајн продавницата.

КУПИ
ОНЛАЈН
ТУКА

Онлајн поволности, попусти и подароци

При онлајн купување штедите време и избегнувате гужви во продавниците. Секогаш добивате бесплатна испорака до вашата адреса. Добивате ексклузивни попусти и подароци за одредени продукти.
Купувачите во Телеком онлајн продавницата имаат ексклузивни привилегии да купуваат селектирани уреди по промотивни цени што важат само во онлајн продавницата и не се достапни преку другите продажни канали.
Сите уреди, вклучително и оние што се на онлајн промоција, односно имаат онлајн попуст или подарок се дел од каталогот на уреди во Телеком онлајн продавницата. Уредите со онлајн попуст секогаш се видливо означени.
Во Телеком онлајн продавницата можат да купуваат сите приватни и деловни корисници на Македонски Телеком. Притоа, тие мораат да поседуваат правна и деловна способност (деловна способност се стекнува со полнолетството, односно со навршување 18 години од животот). Приватните корисници при онлајн нарачките често имаат можност да користат поволности достапни само во онлајн продавницата.

Онлајн нарачки и плаќање

Одберете го саканиот уред и пристапете до страницата каде што можете да добиете повеќе информации за карактеристиките на уредот, цените и можностите за плаќање. На страницата со детали изберете услуга и проверете ги условите за користење на буџетот при купување уред. Следете ги чекорите и инструкциите.
Купување во онлајн продавницата може да направи само најавен корисник со профил на Мој Телеком.
Во зависност од типот на уредот и типот на договорот, во онлајн продавницата на Телеком можете да плаќате:
     - на рати на вашата Телеком сметка;
     - еднократно: со платежна картичка или со првата Телеком сметка.
Можете повластено да плаќате на рати (еднократно на првата сметка, 6, 12, 24) на вашата Телеком сметка. Можноста за плаќање на рати е обезбедена само за најавени корисници на Телеком и за купување уред со Фамилијарен буџет.
Во онлајн продавницата на Телеком може да се плаќа со платежни картички од брендовите VISA и MasterCard, издадени од домашни банки во Република Северна Македонија, како и со картички издадени од банки во странство. Плаќањето е овозможено со картички коишто поддржуваат електронски трансакции.
Лесен и брз преглед на уредите кои се додадени во вашата кошничка имате со клик на иконата-кошничка којашто се наоѓа во горниот десен агол на telekom.mk.
Додаден уред во кошничката може да се отстрани. Брз пристап до кошничката имате преку иконата-кошничка која секогаш се наоѓа во горниот десен агол на telekom.mk. Со клик на иконата-кошничка имате преглед на додадените уреди кои можете да ги отстраните со клик на знакот „x”. Уред додаден во кошничка може да отстраните во кој било од чекорите на нарачката.
По успешно комплетирање на вашата онлајн нарачка ќе се прикаже екран со информација за потврда. Истовремено, добивате потврда за нарачката на вашата контакт е–адреса. Потврдата ги вклучува сите информации за избраниот уред и цената, контакт податоците, како и податоците за испорака, вклучително и единствениот идентификациски број на вашата нарачка.
За да добиете преглед на вашите онлајн нарачки потребно е да бидете најавени со вашиот Телеком профил. Во горниот десен агол на telekom.mk страницата со клик преку иконата на вашиот профил ќе се отвори паѓачко мени со опцијата Мои нарачки, каде што се наоѓа листата на сите ваши онлајн нарачки.
Постојат повеќе причините зошто не можете успешно да ја комплетирате онлајн нарачката, но најчести се:
  • Имате долг кон Македонски Телеком на некој од вашите претплатнички кодови;
  • Неодамна (во тековниот ден) сте го платиле заостанатиот долг. За да можете да купувате онлајн, потребно е да поминат минимум 24 часа од плаќањето.
  • Опција за кратење на времето помеѓу плаќањето и можноста за онлајн купување е заостанатите сметки да ги платите онлајн, преку порталот Плати онлајн или преку мобилната апликација Telekom MK. На овој начин за само неколку часа ќе имате можност за онлајн нарачка;
  • Доспеан е максималниот број на рати. Веќе имате активен договор со Фамилијарен буџет за уред купен на рати на друг телефонски број. Можност да купите нов уред на рати ќе имате откако ќе отплатите 75% од постојниот активен договор. Единствена опција веднаш да го нарачате бараниот уред по повластена цена е да го платите постојниот долг одеднаш со платежна картичка во избраната тарифа;
  • Корисник помалку од 9 месеци и немате претплатничка историја во Македонски Телеком.

Најавување и регистрирање

Купување во онлајн продавницата може да направи само најавен корисник со профил на Мој Телеком.
За да се најавите на веб страницата telekom.mk потребно е да имате ваш Телеком профил. Најавата е со внесување на вашето корисничко име (е-адреса) и лозинка избрани при регистрирање на вашиот Телеком профил.
Најавете се на Мој Телеком со вашето корисничко име и лозинка. Откако ќе се најавите, кликнете на копчето „Додади” каде што се достапни опции за додавање мобилен телефонски број и тоа на следниов начин:
  • Внесете го мобилниот број што сакате да го додадете;
  • Одберете и пополнете една од двете можни опции:
    • Матичен број на сопственикот на бројот или
    • SIM број (последните 6 цифри од SIM картичката);
  • Кликнете на копчето „Земи безбедносен код“. На мобилниот број што го додавате во Телеком профилот ќе пристигне SMS порака со безбедносниот код;
  • Внесете го безбедносниот код и потврдете;
  • За успешно додаден мобилен број се појавува пораката: „Мобилниот телефонски број 3897YXXXXXX е успешно додаден во вашиот профил“. На х копчето се затвора прозорецот, и мобилниот број е додаден во вашиот Телеком профил.
Со додавање мобилен број во Мој Телеком профилот добивате можност да купувате уреди по повластени цени со Фамилијарен буџет, како и да купувате на рати.
Да. Можете да регистрирате профил, иако не сте корисник на Македонски Телеком, но нема да ви бидат овозможени поволностите кои се достапни за Телеком корисниците. 

Испорака

Да. Испораката на нарачките од Телеком онлајн продавниците до вашата адреса е бесплатна.
При испорака на нарачката ќе го добиете уредот што сте го нарачале и документ за прием на нарачката. Ако уредот е купен со Фамилијарен буџет, заедно со него ќе добиете и Договор за Фамилијарен буџет (ако претходно не сте го склучиле Договорот преку некој од другите продажни канали). Ако сте корисник на стар Magenta 1 пакет којшто не е актуелен за продажба во моментов, ќе добиете и нов Договор за Magenta 1 Unlimited, согласно со актуелната понуда во моментот на нарачување и изборот направен во нарачката. Преземањето може да се изврши исклучиво со покажување валиден документ за лична идентификација од лицето коешто има право да ја подигне нарачката и да ги потпише докумeнтите, сопственикот и потписникот на Договорот.
Испорака се прави во работни денови од понеделник до сабота, освен во недела и државни празици.
Нарачката може да ја преземе само сопственикот на бројот. Преземањето може да се изврши исклучиво со покажување валиден документ за лична идентификација од лицето коешто има право да ја подигне нарачката и да ги потпише докумeнтите.
Не, договорот може да го потпише само потписникот, сопственик на бројот. Во случај кога потписникот на договорот не е во можност лично да ја преземе нарачката, единствен начин за преземање од страна на трето лице е само ако лицето има уредно заверено полномошно.
Да, испораката е на територијата на Македонија.
Согласно Општите услови за онлајн нарачка, уредот треба да биде доставен за 5 работни денови од денот на нарачката.
Доставувачот ќе ве контактира за да го договорите точното време на испорака, во рок од 5 работни дена по извршената онлајн нарачка. Доколку доставувачот – овластеното лице на партнерот за логистика на Македонски Телеком не успее да ве најде на наведената адреса за испорака, ќе се обиде повторно да ве исконтактира, а пратката ќе биде вратена назад во Македонски Телеком, доколку повторениот обид е неуспешен.
Податоци кои можат да се променат се:
  • Адреса за испорака;
  • Контакт телефон;
  • Боја на уред, само доколку новоизбраната боја е достапна.
Промена на наведените податоци можете да побарате со допис на kontakt@telekom.mk или со повик во Контакт центарот на телефонскиот број 122. Притоа задолжително е потребно да го наведете бројот на нарачката што е дел од потврдата добиена на вашата контакт е-адреса.
Нарачката што сѐ уште не е испорачана можете да ја откажете со допис на е-адресата kontakt@telekom.mk или со повик во Контакт центарот на телефонскиот број 122. Притоа потребно е да ги наведете следниве податоци: број на нарачка кој е дел од потврдата што сте ја добиле на вашата контакт е-адреса, идентификација согласно критериумите коишто ќе ви ги наведе операторот.
По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ, освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите. Доколку се определите за плаќање на услугите/и или производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на Македонски Телеком, добивате е-пошта на вашата контакт е-адреса со извештај за статусот на извршената уплата, т.е. нотификација за тоа дали извршената трансакција е успешна или неуспешна. Доколку добиете потврда по е-пошта за успешно извршено плаќање, а не го добиете производот во предвидениот рок, во тој случај можете да доставите приговор во која било Телеком продавница или на е-адресата kontakt@telekom.mk. Притоа, должни сте во прилог на приговорот да доставите и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција. Уредот не треба да биде отворен и вклучен. На сите кориснички рекламации и поплаки, Македонски Телеком ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.
Доколку добиете потврда по е-пошта на внесената е-адреса за успешна нарачка, а не го добиете производот во предвидениот рок, можете да нѐ контактирате за статус на вашата нарачка на е-адресата kontakt@telekom.mk. Доколку и покрај контактот со нас не сте задоволни од доцнењето, постои можност да ја откажете нарачката или да доставите приговор согласно процедурата за доставување приговор.
Доколку уредот што сте го нарачеле е оштетен, пријавете го во најблиската Телеком продавница.

Приватност и безбедност

Македонски Телеком се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на купувачот од веб страницата на Македонски Телеком и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. С. Македонија. Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Македонски Телеком www.telekom.mk се наведени во Политиката за приватност, објавена на веб страницата. Во рамките на Политиката за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата и како тие се користат. При посетата на веб страницата, Македонски Телеком не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен. Принципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на Македонски Телеком, вклучувајќи ги и купувачите на производи и услуги од веб страницата. Повеќе детали во врска со основните принципи на политиката за приватност кои се применуваат и почитуваат од страна на сите компании кои припаѓаат на Дојче Телеком групацијата можат да се најдат во нашиот Правилник за заштита на индивидуалното право на приватност.
Електронското плаќање на нарачаните производи кои се плаќаат со платежни картички е овозможено преку Стопанска банка АД Скопје. За сигурноста на направените трансакции од страна на купувачот гарантира Банката. Електронското плаќање со платежни картички се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол. Притоа, податоците поврзани со платежната картичка на купувачот или неговата сметка во банка се праќаат директно до банката преку шифрирана врска. Македонски Телеком не ги собира гореспомнатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или со сметката во банка. Македонски Телеком по ниту една основа не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција, односно неовластено користење на личните податоци на купувачот за време на реализација на електронското плаќање, бидејќи целокупното електронско плаќање е во надлежност на Банката.

Фамилијарен буџет

Фамилијарен буџет е договор за лојалност за корисниците на интегрирани услуги на Македонски Телеком, односно корисници на Magenta 1 и корисниците на Smart тарифите кои ќе спојат 2 или повеќе линии на една иста сметка. Фамилијарен буџет е збирен буџет добиен за секоја мобилна линија поединечно која ќе ја вклучите во Фамилијарниот буџет. Висината на буџетот зависи од вклучениот број на мобилни линии и тарифата (На пр.: Колку повеќе вклучени линии во поголема тарифа, толку поголем Фамилијарен буџет). Услов за користење на Фамилијарен буџет е сите линии да се на иста сметка (конто).
Фамилијарен буџет е со времетрање од 24 месеци, започнувајќи од моментот на склучување на Договорот за Фамилијарен буџет.
На страницата за избраниот телефон, во делот Тип на договор изберете ја опцијата Фамилијарен буџет. За да продолжите со нарачката и да го додадете уредот во кошничка, кликнете на копчето „Нарачај”. За да нарачате телефон со Фамилијарен буџет најавата е задолжителна и потребно е да се најавите со вашиот Телеком профил на кој имате додадено барем еден мобилниот број од Magenta 1 пакетот за кој ја правите нарачката. На следниот екран ќе ви се појават мобилните броеви од вашата Magenta 1, како и калкулатор за пресметка на Фамилијарниот буџет. Одберете ги броевите кои што сакате да ги вклучите во Фамилијарен буџет, за да ја видите пресметката кликнете на копчето „Пресметај буџет”. Во картичка ќе ви се прикажат: Цената на уредот, Вкупно достапниот буџет и износот на Буџет што ќе го искористите за купување на новиот уред. Доколку уредот е со поголема вредност од достапниот буџет, во полето „Вкупен износ за доплата” ќе ви се прикаже износот што треба да се доплати, а кој ќе можете да го доплатите еднократно или на рати на Телеком сметка во зависност од висината на износот.
Фамилијарен буџет можете да го искористете делумно или целосно за купување еден или повеќе уреди од понудата на Македонски Телеком која вклучува: мобилни телефони, таблети, дополнителна опрема, телевизори, компјутери и останата опрема. Листата со целосната понуда можете да ја погледнете ТУКА. Онлајн купување со Фамилијарен буџет достапно е само за мобилни телефони и таблети.
Фамилијарен буџет добивате со избор на една или повеќе мобилни линии од вашиот Magenta 1 пакет во соодветна тарифа (S, M или Unlimited) кои ќе бидат вклучени во пресметката на буџетот, и ќе склучите Договор за Фамилијарен буџет во времетраење од 24 месеци.
Износот на Фамилијарниот буџет можете да го зголемите со:
  1. Додавање мобилни линии во Magenta 1 пакетот;
  2. Мигрирање на мобилните линии во повисок тарифен модел (пример од Ѕ во М, или од M во Unlimited).
Фамилијарниот буџет можете да го искористите делумно или целосно за купување еден или повеќе уреди. Доколку не ја искористите целосната сума на буџетот, преостаната сума ќе можете да ја искористите до завршување на договорот.
Доколку сумата на уредот е поголема од износот на Фамилијарниот буџетот, остатокот можете да го доплатите на следните начини:
  • Еднократно, со картичка или на првата сметка;
  • На рати на Телеком сметката.