Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Детекција на настани во природа и прад со машинско учење

Дали сакате да бидете дел од проект кој го користи машинското учење за откривање и броење на настани во природни и урбани средини?

Замислете технологија што може да препознае минувачи, возила, отпад и многу повеќе, и сето тоа преку машинско учење. Ако ве инспирираат дигитални иновации и примената на IoT во реални ситуации, ова е вистински проект за вас!

Повеќе за проектот

Проектот има за цел да развие систем за детекција и броење на настани како минувачи, возила и отпад преку машинско учење. Во рамки на проектот, ќе развивате веб и вградлив софтвер за IoT уреди така што тие ќе можат автоматски да препознаваат различни активности во природни и урбани средини.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Во овој проект со користење на Python, C/C++/C# и JavaScript ќе развивате (веб и вграден софвер со алгоритми за длабоко учење за IoT уреди со вградена компјутерска визија и 4G/5G комуникација. Ќе бидете дел од тимот за имплементација и оптимизација на системот за детекција и класификација на настани.

Ваши секојдневни активности

  • Подготвеност за учење и исклучителен интерес за дигитални технологии, Smart и IoT решенија.
  • Познавање и интерес за развој на софтвер.
  • Тимски играч со флексибилен, агилен и одговорен пристап.

Предност ќе имаат студентите со насоки во електротехника, информатички технологии или инженерство.

Зошто да аплицирате?

Овој проект нуди ретка можност да:

  • Стекнете практично искуство со технологиите за машинско учење и нивна примена во IoT.
  • Работите на софтверски решенија кои имаат директна примена во реални средини.
  • Научите како да развиете софтвер за автоматска детекција и броење на настани, технологија која е во подем и има потенцијал за широка примена.

Ако сакате да ја комбинирате аналитиката со иновативни технологии за да ги подобрите корисничките искуства, АПЛИЦИРАЈТЕ

Десктоп верзија