Што е GLEY

GLEY е првата македонска национална стриминг платформа која на едно место нуди богат избор на домашни, регионални и светски филмови и серии, со превод на македонски и албански јазик.

Gley ви овозможува:

  • Пристап до забавни и едукативни содржини за сите возрасти, целосно преведени на македонски и албански јазик;
  • нови содржини секоја недела;
  • Беспрекорна HD-слика и висококвалитетен звук;
  • Кориснички интерфејс на македонски, албански и англиски јазик;
  • Родителска заштита, за ограничување на пристапот до содржини несоодветни за деца;
  • 7 дена пробен период, без надомест.

GLEY пакети на MagentaTV

Активирајте Gley пакет на MagentaTV и уживајте во најдобрите домашни и регионални филмови и серии на 2 или 4 уреди истовремено, зависно од вашиот избор.

Gley Standard

399 299
денари месечно
  • гледај на 2 уреди истовремено
  • 7 дена пробен период

*Gley пакетот е достапен на сите ваши MagentaTV приемници преку Gley апликацијата, како и пристап на два смарт уреди по ваш избор.“

Како се активира GLEY

  1. Активирајте Gley дополнителен пакет директно на MagentaTV преку почетниот екран ДОМА каде од главното мени ја одбирате категоријата АКТИВИРАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАКЕТИ.
  2. Кликнете на копчето ОДБЕРЕТЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН ТВ ПАКЕТ, одберете го Gley пакетот и потврдете го активирањето.
  3. По активирањето, за пристап до содржините од Gley апликацијата, во главното мени одберете АПЛИКАЦИИ, влезете во Gley и регистрирајте се, односно најавете се.
  4. Поврзете го вашиот MagentaTV приемник со вашата Gley корисничката сметка
  5. Уживајте во содржините на Gley преку MagentaTV

За подетални информации за активирањето и како да се најавите и да го користите Gley, погледнете го упатството.

Gley пакетот е достапен за активирање и преку апликацијата Telekom MK, во делот ПАКЕТИ.

Со активирање на еден од Gley пакетите на MagentaTV, добивате пристап до богат избор на серии и играни филмови од домашна, регионална и светска продукција.

Содржините на Gley, освен на вашиот ТВ уред, можете да ги следите и на останатите уреди, како: лаптоп, компјутер, смартфон или таблет.

Лаптоп или компјутер – пристапете до Gley преку стандардните интернет пребарувачи.

Смартфон или таблет - пристапете до Gley преку GLEY апликацијата достапна за преземање на Apple App Store и Google Play Store

GLEY пакетот може да го активирате директно на MaxTV со вашиот далечински управувач на следниот начин:

Постапка за активирање:

  1. Мени > ТВ Пакети > Дополнителни пакети
  2. преку Telekom MK App,
  3. со повик во Контакт центарот на 122,
  4. или во најблиската Телеком продавница
Десктоп верзија