За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

GPON модернизација и следење на перформанси
на активната фиксна мрежа / KPI анализа

Како функционира и се подобрува мрежата што ги поврзува илјадници домови и компании со интернет?

Во овој проект ќе имате можност да учествувате во модернизација на GPON мрежата и анализа на перформансите на фиксната пристапна инфраструктура.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон модернизација на GPON инфраструктурата и следење на перформансите на активната фиксна мрежа. Активностите вклучуваат анализа на KPI индикатори, подобрување на извештаи и dashboards, како и поддршка во откривање и решавање на потенцијални проблеми во мрежата.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во активности поврзани со модернизација на GPON мрежата и миграција на корисници кон нови технологии. Ќе работите на следење на KPI индикатори, анализа на performance counters и идентификација на трендови во мрежните перформанси. Во текот на проектот ќе имате можност да учествувате во подобрување на постојните извештаи, дизајн на нови KPI индикатори и поддршка во анализа и решавање на мрежни проблеми.

Квалификации

  • Основно познавање на фиксни телекомуникациски мрежи и access технологии.
  • Интерес за анализа на мрежни перформанси и KPI индикатори.
  • Основно познавање на програмски јазици како Java или Python.
  • Познавање на SQL и основи на бази на податоци.
  • Аналитички начин на размислување и интерес за работа со податоци.
  • Основно познавање на Excel или алатки за анализа на податоци.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со управување со перформанси на фиксна телекомуникациска мрежа.
  • Развој на аналитички и troubleshooting вештини.
  • Работа со GPON инфраструктура и фиксни access технологии.
  • Искуство релевантно за кариера како network engineer или performance analyst.

Ако сакате да научите како функционира и се оптимизира фиксната телекомуникациска мрежа, АПЛИЦИРАЈТЕ