За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Growth Architecture – NextGen лабораторија за понуди и цени

Дали сакате да бидете дел од тим кој ги создава следните генерации телекомуникациски понуди и ценовни модели?

Уникатна можност да работите со маркетинг експерти и да учествувате во креирање на понуди базирани на податоци, кои директно влијаат на растот и вредноста за корисниците.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон анализа на однесувањето и потребите на корисниците со цел развој на нови, data-driven понуди и ценовни концепти. Преку комбинација на аналитика, разбирање на customer journey и креативно размислување, ќе се развиваат комерцијални решенија кои го подобруваат корисничкото искуство, ја зголемуваат ангажираноста и придонесуваат за раст на приходите.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во анализа на потребите и однесувањето на корисниците со цел развој на нови телекомуникациски понуди и ценовни модели. Ќе работите со податоци, ќе истражувате кориснички сегменти и ќе помагате во тестирање на нови value propositions. Ќе комбинирате аналитичко размислување со креативен пристап во развој на комерцијални концепти и ќе соработувате со различни тимови вклучени во маркетинг и комерцијална стратегија.

Квалификации

  • Аналитичко размислување и способност за извлекување заклучоци од податоци.
  • Способност за разбирање на потребите на корисниците и претворање во јасни value propositions.
  • Интерес или основно познавање на customer journey и дизајн на корисничко искуство.
  • Интерес за data analytics, pricing и комерцијално одлучување.
  • Структуриран и проактивен пристап кон решавање на проблеми.
  • Отвореност за нови идеи и подготвеност за тимска работа.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.

Предност ќе имаат студентите од Економски факултет и техничките факултети

Зошто да аплицирате?

  • Можност да работите на реални маркетинг и комерцијални иницијативи кои директно влијаат на растот на компанијата.
  • Искуство во развој на телекомуникациски понуди, ценовни модели и стратегија за раст.
  • Развој на аналитички, стратешки и презентациски вештини.
  • Работа со искусни маркетинг професионалци и увид во носење на комерцијални одлуки во водечка телекомуникациска компанија.

Ако сакате да учествувате во создавање на нови понуди и комерцијални стратегии кои го движат растот на компанијата, АПЛИЦИРАЈТЕ!