За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

HR дигитална трансформација, анализа на податоци и AI автоматизација

Сте се запрашале како технологијата го менува начинот на кој функционира HR?

Во овој проект ќе имате можност да работите на дигитализација на HR процеси преку автоматизација, анализа на податоци и примена на AI решенија кои го прават HR поефикасен за подобро корисничко искуство за вработените.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон дигитална трансформација на HR процесите преку автоматизација, анализа на податоци, имплементација на глобални продукти и унапредување на дигиталните алатки. Целта е да се создадат поефикасни, data-driven и кориснички ориентирани HR процеси кои ќе го подобрат искуството на вработените и ќе го поддржат носењето на HR одлуки.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во автоматизација и дигитализација на HR процеси користејќи современи алатки и платформи. Ќе работите на тестирање на нови AI-базирани решенија, ќе истражувате нови дигитални HR алатки, ќе работите на data analytics и развој на dashboards.

Во текот на проектот ќе се вклучите и во локална имплементација на дигитални HR решенија кои се развиваат на ниво на Deutsche Telekom Group и ќе соработувате со меѓународни тимови и експерти.

Квалификации

  • Студент од областа на информатика, компјутерски науки, инженерство или сродни области.
  • Основно познавање на Microsoft 365 алатки (SharePoint се смета за предност).
  • Интерес за automation, AI решенија и анализа на податоци.
  • Аналитички начин на размислување и желба за учење.
  • Добри комуникациски вештини и способност за работа во тим.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ и ФИНКИ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со Microsoft Power Platform алатки (Power BI, Power Automate).
  • Вклученост во реални HR проекти за дигитализација.
  • Соработка со меѓународни тимови и учество во проекти што се имплементираат на ниво на Deutsche Telekom Group.
  • Работа на automation и AI иницијативи во корпоративна средина.
  • Менторство од HR и IT професионалци.
  • Одлична основа за кариера во области како HR Tech, Data Analytics или Process Automation.

Ако сакате да учествувате во трансформација на HR процесите преку технологија, податоци и автоматизација, АПЛИЦИРАЈТЕ!