За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Имплементација на напредни IP и мобилни мрежни решенија за B2B корисници и конфигурација на корисничка опрема за решенија за кибернетичка заштита

Како изгледаат телекомуникациските мрежи зад инфраструктурата на големите компании?

Ќе работите на имплементација и одржување на напредни IP и мобилни мрежни решенија за деловни корисници, како и на конфигурација на безбедносни решенија за заштита на нивната инфраструктура.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон имплементација и одржување на комплексни IP мрежни решенија со интегрирани податочни услуги и напредни решенија за кибернетичка заштита за деловните корисници на Македонски Телеком. Активностите вклучуваат анализа на потребите на клиентите, дизајн и конфигурација на мрежни решенија, како и поддршка при нивна имплементација и оддржување.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во анализа на барањата на деловните корисници и подготовка на технички решенија за нивната мрежна инфраструктура. Ќе имате можност да работите на изработка на технички дизајн (low-level design) и да учествувате во имплементација и одржување на IP и мобилни мрежни решенија. Ќе стекнете практично искуство во решавање на реални мрежни предизвици, работа со телекомуникациска инфраструктура и конфигурација на опрема за мрежна и кибернетичка заштита.

Квалификации

  • Интерес за телекомуникациски технологии и IP мрежно инженерство.
  • Основно познавање на фиксни и мобилни мрежи.
  • Желба за учење и работа со реална телекомуникациска инфраструктура.
  • Аналитички начин на размислување и способност за решавање технички проблеми.
  • Подготвеност за тимска работа и комуникација со различни тимови и корисници.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со IP и мобилни мрежни решенија за деловни клиенти.
  • Работа со телекомуникациска инфраструктура и реални мрежни системи.
  • Искуство во решавање на технички предизвици и анализа на мрежни проблеми.
  • Соработка со ментори, инженери и корисници во реална B2B средина.
  • Развој на технички и комуникациски вештини важни за телекомуникациската индустрија.

Ако сакате да стекнете практично искуство со реални телекомуникациски мрежи и да работите на имплементација на напредни IP решенија за деловни клиенти, АПЛИЦИРАЈТЕ!