За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Имплементација на DCIM и автоматизирано следење
на потрошувачка на електрична енергија

Како се следи и оптимизира инфраструктурата што ја оддржува телекомуникациската мрежа во работа?

Во овој проект ќе имате можност да учествувате во развој и имплементација на DCIM систем за техничките простории на Македонски Телеком и да работите на автоматизација на следењето на потрошувачката на електрична енергија.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон креирање и имплементација на DCIM (Data Center Infrastructure Management) систем за техничките простории на Македонски Телеком. Активностите опфаќаат автоматизација на следење на потрошувачката на електрична енергија, интеграција со други системи преку API и анализа на KPI индикатори за подобро управување со инфраструктурата.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во развој и пополнување на DCIM системот за техничките простории на компанијата. Ќе работите на автоматизација на мониторингот на потрошувачката на електрична енергија и интеграција со други системи преку API.

Во текот на проектот ќе имате можност да анализирате податоци, да дефинирате KPI индикатори за инфраструктурата и да поддржите активности поврзани со подобрување на следењето и управувањето со техничките ресурси.

Квалификации

  • Основно познавање на програмски јазици како Java или Python.
  • Познавање на SQL и основи на бази на податоци.
  • Разбирање на системи за напојување и инфраструктура.
  • Аналитичко размислување и интерес за анализа на податоци.
  • Основно познавање на Excel или алатки за анализа на податоци.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со DCIM системи и инфраструктурен мониторинг.
  • Развој на аналитички и troubleshooting вештини.
  • Работа со системи за следење на потрошувачка на електрична енергија.
  • Искуство во автоматизација и интеграција на системи.
  • Подготовка за инженерски или аналитички улоги во техничка инфраструктура.

Ако сакате да работите на системи кои ја следат и оптимизираат инфраструктурата зад телекомуникациската мрежа АПЛИЦИРАЈТЕ!