За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Имплементација на мрежни решенија за кибернетичка безбедност за деловни корисници

Како се имплементираат системи кои ги штитат компаниите од сајбер закани?

Во овој проект ќе имате можност да работите на имплементација и оддржување на мрежни решенија за кибернетичка безбедност за деловни корисници и да стекнете практично искуство со реални безбедносни технологии.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон унапредување на експертизата за имплементација и одржување на Cyber Security решенија за деловни корисници на Македонски Телеком. Активностите опфаќаат работа со современи безбедносни платформи, проширување на Cyber Security портфолиото и поддршка при имплементација на нови безбедносни услуги на пазарот.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во активности поврзани со имплементација и одржување на решенија за кибернетичка безбедност за деловни клиенти. Ќе се запознаете со современи безбедносни закани, инфраструктурни решенија и потребите на деловните корисници. Во текот на проектот ќе имате можност да учествувате во дефинирање и подобрување на процесите за имплементација и одржување на безбедносни решенија, како и во анализа и известување за нивните перформанси.

Квалификации

  • Интерес за телекомуникациски технологии, мрежи и кибернетичка безбедност.
  • Основно разбирање на ICT инфраструктура и мрежни технологии.
  • Интерес за имплементација и одржување на безбедносни системи.
  • Аналитичко размислување и способност за решавање технички предизвици.
  • Желба за учење и работа во динамична технолошка средина.
  • Добри комуникациски и тимски вештини.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со имплементација и одржување на Cyber Security решенија
  • Работа со безбедносни платформи и системи за мониторинг и заштита.
  • Развој на технички и аналитички вештини во реална телекомуникациска инфраструктура.
  • Работа на реални технички предизвици поврзани со заштита на деловни системи.

Ако сакате да стекнете практично искуство во имплементација на безбедносни мрежни решенија и да работите на реални Cyber Security системи за деловни клиенти, АПЛИЦИРАЈТЕ