IoT уред за паметно осветлување
Дали сакате да бидете дел од тимот што ќе го унапреди нашиот IoT уред за паметно осветлување и ќе го прилагоди на идните технологии? Замислете да работите на надградба на firmware, интеграција со модерни ит платформи и имплементација на WiFi, Bluetooth, Microwave Radar,ултрасонични и други типови на сензори со комуникација преку LTE/5G. Звучи возбудливо? Прочитајте зошто овој проект е за вас!
Повеќе за проектот
Проектот има за цел развој и интеграција на нови функции во нашиот IoT уред за паметно осветлување. Учесниците во проектот ќе работат на развој на firmware, оптимизација на перформансите и конфигурација/интеграција со модерна IoT платформа за вградување на WiFi, Bluetooth, Microwave Radar, ултрасонични и други типови на сензори со комуникација преку LTE/5G. Целта е да се создаде IoT уред кој ќе има други функционалности покрај основните за контрола на осветлувањето и го постави новиот стандард за паметно осветлување!
Времетраење на проектот: 6 месеци
Ваши секојдневни активности
Kако дел од овој проект, ќе имате можност да:
- Развивате и прилагодувате firmware за IoT уредите.
- Работите на интеграција на IoT решението со платформа за паметно осветлување.
- Разменувате идеи и искуства со експерти од Телеком и индустриски партнери.
- Учествувате во развојот на најсовремени IoT уреди кои се во тек со светските стандарди.
Квалификации
Ги повикуваме сите со страст за учење во полето на дигиталните технологии и IoT уредите. Оние кои се:
- Подготвеност за учење и исклучителен интерес за дигитални технологии и телемедицина
- Интерес за електронски дизај на IoT уреди и развој на софтвер
- Тимски играч
- Флексибилен, агилен и одговорен пристап
Предност ќе имаат студентите со насоки во електротехника, информатички технологии или инженерство.
Зошто да аплицирате?
Ќе имате ретка можност да работите во динамичен тим, да развивате софтвер за IoT и да добиете искуство од меѓународни експерти на Дојче Телеком. Ќе научите како функционираат IoT уредите на највисоко ниво, со фокус на телемедицината, новите технологии и паметните решенија за иднината.
АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА ВОЗБУДЛИВО ПАТУВАЊЕ, НЕ РАЗМИСЛУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ И АПЛИЦИРАЈТЕ