Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Консолидација на корисничка база

Дали би сакале да Креирате комплексна корисничка база со 360 степени преглед на корисници и потенцијални корисници за сите типови на сервиси (Core, ICT, Smart)? Звучи навистина возбудливо и е неверојатно искуство. Прочитајте зошто.

Повеќе за проектот

Целта е да се создаде целосен преглед (од 360 степени) на клучните корисници. Главните задачи се однесуваат на подготовка на конкурентни понуди и можност за креирање на детална анализа на конта, проекти и потенцијали, како и длабинска анализа на проекти (Project Deep Dive) со прецизна SWOT анализа на можностите.

Времетраење на проектот: 12 месеци

Вашите секојдневни активности

Ќе вршите анализа на клиентите преку консолидидација на податоците достапни од EСЈН (Електронски систем за јавни набавки) и МКТ во врска со процедурите за набавка, и ќе учествувате во подготовка на целосен преглед на клиентот ( 360 степени ).

Квалификации

Кандидатите треба да имаат технички познавања за модерните информациско - комуникациски технологии, познавања на ЦРМ технологии, IoT и Смарт технологии, како и системска интеграција Бараме студенти со развиени комуникациски, aналитички и презентациски способности, со прецизност и способност за убедување. Предност ќе имаат студентите од електротехничките, факултетите за информатичка технологија и факултетите за економски науки.

Зошто да аплицирате?

Поради можноста за работа и учење од искусни професионалци во ова поле со најновите технологии. Ќе стекнете практично искуство во анализа и ќе ги развиете и практикувате вашите комуникациски вештини.

Десктоп верзија