Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

One CC – Имплементација на нова платформа за контакт центар

Дали сакате да бидете дел од трансформацијата на контакт центарот преку најсовремени технологии?

Идеална можност за сите кои сакаат да работат со најнови дигитални платформи и технологии за контакт центри, вклучувајќи cloud платформи и AI алатки.

Повеќе за проектот

Проектот One CC се фокусира на имплементација на нова платформа за контакт центар со напредни функционалности, кои ќе ја подигнат ефикасноста на услугите и ќе овозможат подобро ангажирање на корисниците.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на тестирање на функционалностите на новата платформа за контакт центар, со цел да се обезбеди квалитетна и непречена интеграција со постојните IT системи. Исто така, ќе бидете вклучени во тренирање на AI модели, кои ќе го подобрат интерактивниот дел на системот, вклучувајќи чатботови и предиктивни модели за подобрување на комуникацијата со корисниците.

Квалификации

  • Основно познавање на програмирање (Java).
  • Познавање за AI алатки и модели, вклучувајќи чатботови и предиктивни модели.
  • Желба за учење и развој на нови технологии.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Уникатна можност за работа со најновите технологии, како што се cloud платформи, AI алатки и интеграција со IT системи.
  • Практично искуство со иновативни алатки кои значително го подобруваат корисничкото искуство.
  • Шанса да стекнете знаења од прва рака за имплементација и тестирање на нови функционалности во контакт центарите.

Ако сте подготвени да бидете дел од оваа технолошка револуција во контакт центрите и сакате да стекнете вредно искуство, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија