За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Развој и модернизација на CRM
системи со микросервисен пристап

Како изгледа развој на голем CRM систем што го користат илјадници корисници?

Во овој проект ќе имате можност да учествувате во развој и модернизација на CRM системи користејќи микросервисна архитектура и современи backend технологии.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој на нови микросервисни модули кои овозможуваат имплементација на нови CRM продукти и функционалности. Студентите ќе работат во современа архитектура базирана на микросервиси и ќе учествуваат во модернизација на системите што ги поддржуваат дигиталните услуги на компанијата.

Ваши секојдневни активности

Ќе станете дел од Agile тимови и ќе учествувате во развој на backend сервиси користејќи Java и Spring Boot. Ќе работите на развој на микросервисни компоненти, интеграција со други системи и подобрување на функционалностите на CRM платформата. Во текот на проектот ќе имате можност да се запознаете со современи софтверски практики и развој на enterprise системи во телекомуникациска средина.

Квалификации

  • Средно до напредно познавање на backend програмирање со Java.
  • Искуство или интерес за работа со Spring Boot.
  • Интерес за микросервисна архитектура и distributed системи.
  • Аналитички начин на размислување и желба за учење.
  • Способност за работа во Agile тимска средина.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со развој на микросервисни системи.
  • Работа во голем CRM екосистем во телекомуникациска индустрија.
  • Развој на backend инженерски вештини со Java и Spring Boot.
  • Искуство со Agile начини на работа и enterprise software development.
  • Одлична подготовка за кариера во backend или software engineering.

Ако сакате да развивате backend системи и да работите на модерни CRM платформи во телекомуникациска индустрија, АПЛИЦИРАЈТЕ!