Развој на firmware и платформа за LTE/5g камери за видео надзор
Дали сте подготвени да развивате иновативни решенија за видео надзор преку IoT технологии?
Совршена можност за оние кои сакаат да бидат дел од развојот на напредни видео надзорни системи, кои се клучни за модерните дигитални екосистеми. Ќе работите на интеграција на видео камери и сензори за паркинг со IoT платформа, користејќи LTE/5G мрежи за брза и сигурна комуникација.
Повеќе за проектот
Проектот има за цел да додаде камера за компјутерска визија и/или сензор за паркинг на нашиот стандардeн IoT дизајн и нивно поврзување со IoT платформа. Ќе развивате firmware за овој IoT уред и учествувате во целосната негова интеграција со платформа за видео надзор со отворен код (FOSS).
Времетраење на проектот: 6 месеци
Ваши секојдневни активности
ЌЌе имате задача да работите на развој на firmware во C/C++ за камерите и сензорите, кој ќе биде клучен за нивното поврзување со IoT платформата. Ќе ги интегрирате функционалностите за компјутерска визија развиени во друг ваков проект со цел на надградба на стандардните функционалностите на нашето портфолио на IoT уреди и обезбедите нивна стабилна комуникација со IoT платформата и платформата за видео надзор. Во проектот ќе се оспособите да развивате фирмвер за модерен микроконтролер за IoT уреди со вградена компјутерска визија во реално време.
Квалификации
Ги повикуваме оние со подготвеност за учење и исклучителен интерес за дигитални технологии и IoT, искуство или интерес за развој на софтвер, тимски дух и агилен пристап кон работата.
Предност ќе имаат студентите со насоки во електротехника, информатички технологии или инженерство.
Зошто да аплицирате?
Овој проект ви нуди непроценливо искуство во развој на фирмвер за IoT уреди и интеграција со платформи за видео надзор, користејќи најсовремени комуникациски технологии. Ќе работите во средина која поддржува иновации, развој на дигитални технологии и IoT, што ќе ви даде извонредна можност за професионален и технички раст.
АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ВОЗБУДЛИВ ПРОЕКТ, И ДА РАБОТИТЕ НА НАЈНОВИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ВИДЕО НАДЗОР, АПЛИЦИРАЈТЕ СЕГА И ВНЕСЕТЕ ИНОВАЦИИ ВО СВЕТОТ НА IOT. АПЛИЦИРАЈТЕ