За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Развој на ML модели за B2B

Како изгледа развој на Machine Learning модел кога работите со реални бизнис податоци?

Во овој проект ќе имате можност да развивате ML модели за конкретни бизнис случаи за деловни корисници (b2B) и да ги претворите податоците во решенија кои помагаат во носење подобри деловни одлуки.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој на machine learning модели базирани на реални B2B use-cases. Преку анализа на податоци и примена на статистички и predictive модели, целта е да се развијат аналитички решенија кои ќе помогнат во подобро разбирање на бизнис процесите , подобрување на деловните резултати и корисничкото задоволство.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во развој на ML модели за конкретни бизнис сценарија. Ќе работите на анализа и подготовка на податоци, развој и тестирање на модели и нивно подобрување преку повеќе итерации. Во текот на проектот ќе имате можност да развиете и data pipelines кои ќе овозможат моделите да се користат во реална продукциска средина.

Квалификации

  • Интерес за статистичко моделирање, predictive analytics и machine learning.
  • Основно познавање на програмски јазици како Python или SQL.
  • Аналитичко размислување и интерес за работа со податоци.
  • Добри комуникациски вештини.
  • Желба за учење и работа во крос-функционален тим.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ, ФИНКИ и Природно-математички факултет

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство во развој на ML модели во реална бизнис средина.
  • Работа со реални податоци и аналитички use-cases.
  • Развој на технички, аналитички и бизнис вештини.
  • Соработка со различни тимови и стекнување искуство во data-driven одлучување.
  • Можност да развиете модели кои решаваат реални бизнис проблеми.

Ако сакате да работите на machine learning решенија кои решаваат реални бизнис предизвици, АПЛИЦИРАЈТЕ!