Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Развој на модели за машинско учење

Дали сакате да создавате модели за машинско учење што носат практични решенија за реални деловни случаи?

Уникатна можност да работите во една од ретките компании во Македонија со развиени способности за аналитика на податоци. Ако сакате статистичко моделирање, предиктивно моделирање и машинско учење, ова е проектот за вас!

Повеќе за проектот

Проектот вклучува развој на модел за машинско учење базиран на конкретен деловен случај. Ќе имате можност да научите корпоративни практики и да бидете дел од иновативен тим кој користи податоци за подобрување на деловните процеси.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на развој на модел за машинско учење за специфичен деловен случај, со фокус на негово тестирање и подобрување преку неколку итерации. Дополнително, ќе креирате неопходни процеси за имплементација на моделот во продукција, обезбедувајќи негова примена во реалниот деловен екосистем.

Квалификации

  • Познавање и интерес за статистичко моделирање, предиктивно моделирање и машинско учење.
  • Вештини за програмирање (Python, SQL и други јазици).
  • Добри комуникациски вештини.

Предност ќе имаат студентите со насока на Информатика од FEIT/FINKI и математичка економија од Природно-математички факултет.

Зошто да аплицирате?

Овој проект ви нуди уникатна можност да:

  • Научите корпоративни практики за имплементација на машинско учење.
  • Работите со реални податоци на практични деловни случаи.
  • Унапредите свои технички и аналитички вештини во динамична и професионална средина.
  • Бидете дел од еден од најиновативните тимови во областа на аналитиката на податоци.

Ако сте подготвени да бидете дел од оваа возбудлива иницијатива и да стекнете искуство во машинското учење во корпоративен контекст, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија