За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Развој на систем за автоматско провизионирање на сервиси

Како се автоматизира процесот на активирање на телекомуникациски сервиси во мрежата?

Во овој проект ќе имате можност да работите на развој на систем кој ги автоматизира процесите за конфигурација и активирање на мрежни услуги.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој на систем за автоматско провизионирање на сервиси кој ќе ги замени рачните активности со автоматизирани процеси. Решението ќе овозможи проверка на параметрите пред активирање на услугите, ќе ги намали можните човечки грешки и ќе овозможи управување со податоци преку централизирана база и REST API интеграции.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во развој на веб апликација која овозможува автоматско активирање на data сервиси во мрежата. Ќе работите на развој на use-case сценарија за различни типови на сервисни конфигурации и интеграција со системите за управување со мрежната инфраструктура.

Во текот на проектот ќе имате можност да развивате Python скрипти за конфигурација и валидација на параметри на мрежните елементи, како и да користите REST API за обработка и ажурирање на податоци во системите за управување со инвентар.

Квалификации

  • Познавање на програмски јазици како JavaScript или Python.
  • Основно познавање на MVC архитектура.
  • Познавање на SQL и основи на бази на податоци.
  • Основно познавање на REST API.
  • Разбирање на IP мрежи и мрежни протоколи.
  • Аналитичко размислување и основни вештини за анализа на податоци.
  • Желба за учење и работа во тимска средина.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со автоматизација на телекомуникациски сервиси.
  • Работа со телеком мрежни елементи и протоколи.
  • Развој на Python скрипти за network automation.
  • Искуство во развој на web-based системи за управување со мрежни услуги.
  • Одлична подготовка за кариера во network automation и software development.

Ако сакате да работите на автоматизација на мрежни сервиси и да учествувате во развој на системи кои ја поедноставуваат конфигурацијата на телекомуникациската инфраструктура, АПЛИЦИРАЈТЕ!