Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Развој на систем за провизионирање на CPE

Дали сакате да работите на имплементација на иновативна платформа за провизионирање на корисничка опрема?

Можност за работа на нова Open Source платформа за провизионирање базирана на GeniusACS, со фокус на автоматизација, интеграција и развој на API решенија. Ако сте заинтересирани за развој на софтвер во Open Source екосистеми, ова е вистинската прилика за вас!

Повеќе за проектот

Целта на проектот е имплементација на нова Open Source алатка за провизионирање на корисничка опрема (CPE) преку ACS платформа базирана на GeniusACS. Оваа алатка ќе овозможи подобро управување и автоматизација на процесите за провизионирање на CPE уреди, користејќи најнови технологии како TR069.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на тестирање на GeniusACS платформата за нејзина функционалност и перформанси. Дополнително, ќе развивате API за меѓусебно поврзување на системите и ќе учествувате во развој на платформата за провизионирање базирана на TR069. Вашата работа ќе вклучува анализа на процеси и апликации, интеграција на софтвер во Open Source екосистем, како и активности за визуелизација и автоматизација.

Квалификации

  • Основно познавање на програмирање (Java, Python)
  • Знаење за SQL и бази на податоци.
  • Подготвеност за учење и истражување на нови технологии.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Ќе работите со најновите технологии, вклучувајќи cloud платформи, AI алатки и интеграција со IT системи.
  • Ќе стекнете практично искуство во развој на Open Source решенија и автоматизација.
  • Ќе имате можност да работите на реални проекти со директна примена во телекомуникациската индустрија.

Ако сакате да ја искористите оваа уникатна можност за учење и практична работа во Open Source екосистем, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија