За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Роботизација на масовни и повторливи телеком операции

Како изгледа кога роботите ги преземаат повторливите задачи, а луѓето се фокусираат на иновации?

Во овој проект ќе работите на развој на дигитална „работна сила“ која автоматски ќе извршува масовни и повторливи телеком операции.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон дизајн и имплементација на систем за роботизација на операции, кој ќе ги замени рачните и повторливи задачи со автоматизирани дигитални процеси. Целта е создавање на стабилни и скалабилни „ботови“ кои ќе обработуваат голем број задачи како внес на податоци, проверка на информации меѓу различни системи и обработка на операции во наследени платформи.

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на идентификување на процеси кои можат да се автоматизираат и нивна трансформација во дигитални роботски процеси. Ќе учествувате во развој на end-to-end автоматизирани workflow решенија за back-office задачи и операции кои бараат голем обем на рачна работа. Во текот на проектот ќе имате можност да анализирате постоечки процеси, да развивате автоматизирани скрипти и да учествувате во оптимизација на оперативните активности преку роботизација.

Квалификации

  • Аналитичко размислување и способност за логичко решавање на проблеми.
  • Интерес за automation, процесна оптимизација и дигитални технологии.
  • Основно познавање на програмски јазици како Python или .NET се смета за предност.
  • Способност за разбирање и анализирање на комплексни процеси.
  • Желба за учење и работа во тимска средина.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со автоматизација на процеси во големи системи.
  • Работа на проекти поврзани со роботизација и дигитална трансформација.
  • Развој на аналитички и програмерски вештини.
  • Запознавање со реални оперативни процеси во телекомуникациска индустрија.
  • Искуство кое е многу вредно за кариера во automation, RPA или software development.

Ако сакате да работите на автоматизација на сложени процеси и да развивате дигитални роботи кои ја трансформираат начинот на работа на телеком операциите, АПЛИЦИРАЈТЕ!