За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

SD DATA – Имплементација на 5G Standalone Core

Сте се запрашале како изгледа срцето на една 5G мрежа?

Во овој проект ќе имате можност да учествувате во имплементација и поддршка на 5G Standalone Core мрежата и да стекнете практично искуство со најновите телекомуникациски технологии.

Повеќе за проектот

Проектот овозможува директно учество во имплементација и оперативна поддршка на 5G Standalone (5GSA) Core мрежата. Активностите вклучуваат интеграција на cloud-native network функции, поддршка при deployment и тестирање на нови компоненти, како и учество во автоматизација на оперативни процеси и валидација на нови 5G услуги.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во активности поврзани со имплементација и поддршка на 5GSA Core мрежата. Ќе работите на конфигурација и тестирање на cloud-native network компоненти, анализа на логови и идентификација на технички проблеми. Во текот на проектот ќе имате можност да се вклучите во автоматизација на оперативни процеси и подготовка на техничка документација поврзана со новите 5G услуги.

Квалификации

  • Основно познавање на мобилни core мрежи.
  • Основно познавање на Linux системи.
  • Разбирање на основи на IP мрежи.
  • Интерес за телекомуникациски технологии и 5G архитектури.
  • Предност ќе имаат кандидати со познавање на виртуелизација или container технологии (Docker, Kubernetes).
  • Аналитички начин на размислување и желба за учење.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство во имплементација на 5G Standalone Core мрежа.
  • Работа со cloud-native телекомуникациски технологии.
  • Развој на DevOps и automation вештини.
  • Искуство во продукциска телекомуникациска средина.
  • Можност за понатамошно професионално ангажирање.

Ако сакате да стекнете практично искуство со 5G мрежи и да работите на технологијата што ја движи иднината на телекомуникациите, АПЛИЦИРАЈТЕ!