Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Service Inventory – Автоматизација на мрежни услуги

Дали сакате да бидете дел од развојот на иновативни системи за автоматизација на мрежни услуги?

Овој проект нуди можност да се вклучите во имплементација на систем за инвентар на услуги и решенија за автоматизација без човечки интервенции (zero-touch provisioning). Ако сте заинтересирани за мрежна автоматизација и развој на API решенија, ова е проектот за вас!

Повеќе за проектот

Целта на проектот е да се развие и имплементира систем за инвентар на услуги кој ќе ги поврзува мрежните елементи и инфраструктурата со автоматизирани процеси за провизионирање. Ќе имате можност да работите на развој на модели на податоци и автоматизирани скрипти за интерфејс помеѓу мрежните елементи и системите за инвентар.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на создавање на модели на податоци за мрежни елементи и инфраструктура, обезбедувајќи основа за системот за инвентар на услуги. Дополнително, ќе развивате скрипти за API интеграции помеѓу мрежните елементи и системите за инвентар, како и автоматизирани playbooks за провизионирање на услуги. Овие активности ќе ви овозможат практично искуство со мрежна автоматизација и DevNet концепти.

Квалификации

  • Основно познавање за креирање на релациони модели на бази на податоци.
  • Знаење за JSON моделинг јазик и програмскиот јазик Python.
  • Подготвеност за учење и работа со нови технологии.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Основно познавање за креирање на релациони модели на бази на податоци.
  • Знаење за JSON моделинг јазик и програмскиот јазик Python.
  • Подготвеност за учење и работа со нови технологии.

Ако сте подготвени за ова возбудливо искуство и сакате да го унапредите вашето знаење во мрежната автоматизација, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија