За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Следење на перформанси / KPI
анализа во мобилната мрежа

Како се следи перформансот на мобилната мрежа што ја користат илјадници корисници секој ден?
Во овој проект ќе имате можност да учествувате во анализа и подобрување на перформансите на радио пристапната мрежа (RAN) и да стекнете практично искуство во мониторинг и оптимизација на мобилни мрежи.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон следење, анализа и подобрување на перформансите на мобилната радио мрежа (RAN). Активностите вклучуваат анализа на KPI индикатори, подобрување на извештаи и dashboards, дефинирање нови индикатори за следење на мрежата и поддршка во откривање и решавање на потенцијални проблеми во мрежните перформанси.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во секојдневно и неделно следење на KPI индикаторите на мобилната мрежа. Ќе работите на анализа на performance counters, идентификација на трендови и потенцијални ризици во мрежните перформанси.

Во текот на проектот ќе имате можност да учествувате во подобрување на извештаи, дизајн на нови KPI индикатори и поддршка во анализа на перформансни проблеми, како и во користење на AI алатки за подобра анализа на мрежните податоци.

Квалификации

  • Основно познавање на мобилни мрежи и RAN концепти.
  • Основно познавање на програмски јазици како Java или Python.
  • Познавање на SQL и основи на бази на податоци.
  • Аналитички начин на размислување и интерес за анализа на мрежни податоци.
  • Основно познавање на Excel или алатки за анализа на податоци.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со управување со перформанси на мобилна мрежа.
  • Развој на аналитички и troubleshooting вештини.
  • Работа со KPI индикатори и анализа на мрежни податоци.
  • Искуство релевантно за кариера како radio network engineer или performance analyst.
  • Запознавање со AI алатки за анализа на телекомуникациски податоци.

Ако сакате да научите како се анализира и оптимизира перформансот на мобилната мрежа, АПЛИЦИРАЈТЕ!