За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Следење на перформанси на мрежа
и KPI анализа (Voice и Data Core)

Како се следи и анализира перформансот на една телекомуникациска мрежа?

Во овој проект ќе имате можност да учествувате во следење и анализа на Voice и Data Core мрежата и да стекнете практично искуство во управување со перформансите на мобилните услуги.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон мониторинг, анализа и подобрување на перформансите на Voice и Data Core мрежата. Активностите вклучуваат следење на KPI индикатори, анализа на мрежни податоци, подобрување на постојните извештаи и дефинирање на нови индикатори кои помагаат во откривање на потенцијални проблеми и подобрување на мрежните перформанси.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во секојдневно и неделно следење на KPI индикаторите на Voice и Data Core мрежата. Ќе работите на анализа на performance counters, идентификација на трендови и можни ризици во мрежата. Во текот на проектот ќе имате можност да учествувате во подобрување на постојните извештаи, дизајн на нови KPI индикатори и поддршка при анализа на перформансни проблеми во мрежата.

Квалификации

  • Основно познавање на мобилни мрежи.
  • Разбирање на концепти поврзани со core network архитектура.
  • Аналитички начин на размислување и интерес за анализа на податоци.
  • Основно познавање на Excel или алатки за анализа на податоци.
  • Предност ќе имаат кандидати со основно познавање на SQL или Python.

Предност ќе имаат студентите од ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство во управување со перформанси на телекомуникациска мрежа.
  • Развој на аналитички и troubleshooting вештини.
  • Работа со Voice и Data Core домени.
  • Искуство релевантно за улоги како network engineer или performance analyst.
  • Можност за понатамошен професионален ангажман.

Ако сакате да научите како се анализираат и подобруваат перформансите на мобилните мрежи, АПЛИЦИРАЈТЕ!