За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

„Smart-District“ дигитален близнак и центар за мрежна доверливост

Како изгледа градот кога податоците од IoT уредите и телекомуникациската мрежа се гледаат во реално време?

Во овој проект ќе работите на развој на 3D dashboard кој ги комбинира податоците од IoT уреди и мрежната инфраструктура, овозможувајќи деловните и јавните корисници да ја следат состојбата на своите системи во реално време.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој на дигитален „Smart District“ dashboard кој ќе ги интегрира податоците од IoT инфраструктурата (осветлување, енергија, вода, отпад) со информации за перформансите на телекомуникациската мрежа.

Целта е создавање визуелна платформа која им овозможува на B2B и B2G корисниците да ја следат оперативната состојба на нивните уреди и мрежната покриеност, обезбедувајќи повисока доверливост и континуитет на услугите.

Ваши секојдневни активности

Ќе работите на интеграција на геопросторни и телекомуникациски податоци во 3D визуелна платформа. Ќе учествувате во мапирање на податоци од IoT уреди и нивна визуелизација во 3D модел на град користејќи WebGIS или Three.js технологии.

Во текот на проектот ќе имате можност да развивате аналитички модели за предвидување на мрежната стабилност, како и да креирате индикатори кои ќе помогнат во предвидување на потенцијални прекини на конекцијата.

Квалификации

  • Основно познавање на IoT технологии, big data и анализа на телекомуникациски податоци.
  • Основни познавања или искуство во софтверски развој.
  • Интерес за работа со геопросторни податоци и визуелизација.
  • Желба за учење и работа со нови технологии.
  • Флексибилен и проактивен пристап во тимска средина.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со 3D визуелизација и real-time data processing.
  • Работа со реални податоци од IoT уреди и телекомуникациска инфраструктура.
  • Можност да комбинирате софтверско инженерство со мрежни технологии.
  • Работа на платформа наменета за деловни и јавни клиенти.
  • Одличен проект за портфолио во области како IoT, data visualization и telecom analytics.

Ако сакате да работите на иновативна платформа што ги поврзува IoT уредите, податоците и телекомуникациската мрежа во една паметна дигитална средина, АПЛИЦИРАЈТЕ