За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Стратешки картички

Дали сакате да бидете дел од проект кој користи податоци и дигитални алатки за подобра подготовка на деловни преговори?

Уникатна можност да работите на развој на AI-базирани „battle cards“ кои ќе помогнат во анализа на пазарот, подобро разбирање на партнерите и поефикасна подготовка за преговарачки процеси.

Повеќе за проектот

Целта на проектот е развој на AI-поддржани стратешки „battle cards“ кои комбинираат интерни и екстерни податоци за подобра подготовка за деловни преговори. Преку анализа на различни извори на податоци и современи аналитички алатки, проектот ќе овозможи подлабоко разбирање на пазарните позиции, подобар увид во деловните партнери и поефикасно донесување на стратешки одлуки.

Ваши секојдневни активности

Ќе учествувате во анализа и обработка на податоци од различни извори со цел да се креираат стратешки „battle cards“ кои ќе се користат при подготовка на деловни преговори. Ќе работите со интерни системи и екстерни извори на информации, трансформирајќи податоци во јасни аналитички увиди. Во текот на проектот ќе соработувате со различни тимови и ќе имате можност да развиете вештини во анализа на податоци, деловна аналитика и примена на дигитални алатки во бизнис процеси.

Квалификации

  • Интерес за дигитални технологии, аналитика и AI алатки.
  • Основно познавање на економија и бизнис процеси.
  • Развиени аналитички способности и интерес за бизнис анализа.
  • Основно познавање на фиксни и мобилни телекомуникациски мрежи се смета за предност.
  • Желба за учење, проактивност и способност за работа во тим.

Предност ќе имаат студентите од Економски факултет, ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Можност да работите на проект кој комбинира податоци, бизнис аналитика и AI алатки.
  • Практично искуство преку работа на реални деловни случаи.
  • Развој на технички, бизнис и комуникациски вештини.
  • Работа во динамична средина и соработка со различни тимови во компанијата.

Ако сте подготвени да работите на проект кој ги претвора податоците во стратешки предности и подобри деловни одлуки, АПЛИЦИРАЈТЕ