ЕЛЕНА БАЛАМОВСКА
МЕНАЏЕР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ИКТ ПРОЕКТИ
Македонски Телеком како компанија ги поттикнува вработените да размислуваат и делуваат активно во релизација на своите идеи, решенија, предлози и на тој начин да презентираат и други креативни димензии на личноста.
SkopjeZOO апликацијата би ја издвоила како една успешна приказна каде заедно со колегите вклучени во развојот и менаџерскиот тим, водени во позитивна насока на искористување на технологијата за добро, успеавме да ја преточиме мојата идеја за SkopjeZOO апликацијата во дигитално искуство за сите корисници.
Работењето во Македонски Телеком претставува уживање кога се соработува со колеги кои освен што се ориентирани кон изнаоѓање на најсоодветни решенија, секогаш се расположени за дружење и славење на успесите.
Македонски Телеком претставува одлично место за работа со најсовремени технологии и решенија, каде вработените можат да го искористат својот професионален капацитет на најдобар начин, имаат можност да се надоградуваат и самореализираат, притоа фокусирајќи се да обезбедат што повеќе задоволни корисници на пазарот.