Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Унапредување на WEB Shop

Дали сакате да бидете дел од тимот што ја ОБЛИКУВА иднината на е-трговијата?

Идеална можност за сите кои се заинтересирани за развој на платформи за е-трговија. Ќе работите на создавање врвно корисничко искуство и подобрување на процесите што ја поттикнуваат онлајн продажбата.

Повеќе за проектот

Проектот вклучува развој, управување и оптимизација на платформи за е-трговија, со цел да обезбеди непречено функционирање на онлајн продавниците, привлекување нови корисници и зголемување на продажбата. Вашиот придонес ќе помогне во создавање WEB Shop што нуди брзи, едноставни и ефикасни процеси за купување.

Времетраење на проектот: 6 месеци

Ваши секојдневни активности

Во рамки на проектот ќе работите на активности поврзани со продажни анализи, адресирање на кориснички прашања и проблеми поврзани со онлајн нарачки, како и анализа на кориснички повратни информации. Исто така, ќе бидете вклучени во воспоставување на контролни точки за обезбедување непречена и ефикасна продажба, со фокус на подобрување на корисничкото искуство и ефективноста на платформата.

Квалификации

  • Познавање и интерес за платформи за е-трговија.
  • Способност за интерпретација на аналитички податоци за подобрување на перформансите.
  • Подготвеност за учење и исклучителен интерес за дигитални технологии.
  • Проектно ориентиран пристап.
  • Тимски играч.
  • Флексибилност, агилност и одговорност.

Предност ќе имаат студентите со насока во e-Bussiness.

Зошто да аплицирате?

Ова е извонредна можност да:

  • Научите како се оптимизираат платформите за е-трговија и се подобрува корисничкото искуство.
  • Стекнете практични вештини за управување со податоци и продажни процеси.
  • Работите со аналитички алатки за зголемување на ефикасноста на продажбата.
  • Бидете дел од динамичен тим кој се фокусира на иновации во дигиталната е-трговија.

АКО САКАТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ВОЗБУДЛИВ ПРОЕКТ, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Десктоп верзија