За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Воведување на алатка за планирање

Дали сакате да бидете дел од тим кој го модернизира начинот на кој се планираат финансиските и оперативните активности во компанијата?

Уникатна можност да придонесете во воведување на нова дигитална алатка која ќе го подобри планирањето, анализата на податоци и носењето на стратешки одлуки.

Повеќе за проектот

Целта на проектот е имплементација на нова дигитална алатка за планирање која ќе го унапреди процесот на финансиско и оперативно планирање. Преку подобра конзистентност на податоците, автоматизација на пресметките и понапредни извештаи, алатката ќе овозможи поефикасно планирање, подобра видливост на перформансите и поинформирано носење на деловни одлуки.

Ваши секојдневни активности

Ќе имате можност да бидете дел од процесот на имплементација на новата алатка за планирање и да работите со реални податоци и системи. Ќе учествувате во собирање и подготовка на податоци, нивна проверка и усогласување, како и поддршка при миграција на постоечките податоци во новиот систем. Ќе соработувате со различни тимови и ќе стекнете практично искуство во користење на дигитални алатки за анализа на податоци и поддршка на финансиските процеси.

Квалификации

  • Основни ИТ вештини и интерес за работа со податоци и дигитални системи.
  • Познавање на алатки за анализа на податоци и работа со spreadsheets и бази на податоци.
  • Способност за брзо учење и прилагодување на нови дигитални системи.
  • Одлични аналитички и комуникациски вештини.
  • Предност ќе имаат студентите со интерес за модерни технологии, системски интеграции и дигитални алатки за анализа на податоци.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Уникатна можност да работите во водечка компанија со динамична и иновативна работна средина.
  • Исклучителен тим и ментори кои ќе ве поддржат во секој чекор од проектот.
  • Практично искуство со реални системи и корпоративни процеси.
  • Шанса да стекнете знаење и вештини кои се вредни за идната кариера во ИТ и финансиска аналитика.

Ако сте подготвени да бидете дел од проект што го дигитализира и унапредува процесот на планирање во компанијата, АПЛИЦИРАЈТЕ!