За компанијата

Започнете ја вашата
професионална кариера со
најдобрата Smart Start
програма!

Засилување на експертиза за решенија за
кибернетичка безбедност за деловни корисници

Како компаниите се заштитуваат од сајбер напади во дигиталниот свет?

Во овој проект ќе имате можност да работите со експерти за кибернетичка безбедност и да учествувате во развој и имплементација на безбедносни решенија за деловни корисници.

Повеќе за проектот

Проектот е насочен кон развој и унапредување на експертизата за кибернетичка безбедност за деловните корисници на Македонски Телеком. Целта е проширување на портфолиото на Cyber Security решенија, следење на современи безбедносни закани и воведување на нови безбедносни услуги на пазарот.

Ваши секојдневни активности

Ќе имате можност да се запознаете со современи сајбер закани и безбедносни потреби на деловните корисници. Ќе работите на анализа и евалуација на безбедносни решенија во рамки на Deutsche Telekom Group и ќе учествувате во размена на искуства со други оператори. Во текот на проектот ќе бидете вклучени во поддршка на pre-sales и sales активности, анализа на безбедносни потреби на клиентите и учество во имплементација и одржување на безбедносни решенија.

Квалификации

  • Интерес за телекомуникациски технологии, мрежи и кибернетичка безбедност.
  • Основно разбирање на ICT инфраструктура и мрежни технологии.
  • Аналитичко размислување и интерес за идентификација на безбедносни ризици.
  • Желба за учење и работа во динамична технолошка средина.
  • Добри комуникациски и презентациски вештини.
  • Подготвеност за тимска работа и соработка со различни тимови.

Предност ќе имаат студентите од ФИНКИ и ФЕИТ.

Зошто да аплицирате?

  • Практично искуство со реални Cyber Security решенија за деловни клиенти.
  • Работа со безбедносни платформи и дигитални алатки за мониторинг и заштита.
  • Искуство во B2B presales и продажни активности поврзани со безбедносни услуги.
  • Развој на технички, бизнис и презентациски вештини.
  • Соработка со експерти, партнери и тимови во рамки на Deutsche Telekom Group.

Ако сакате да стекнете практично искуство во областа на кибернетичката безбедност и да работите на реални решенија за деловни клиенти, АПЛИЦИРАЈТЕ!