Магазин бр.2

Кон архивата Погледнете ги минатите броеви

ВО ОВА ИЗДАНИЕ

на Т Бизнис магазинот ќе ви претставиме уште една палета на нови напредни решенија коишто се од значење за вашиот бизнис.

Во неговата содржина ве информираме зошто BackUp Business услугата е од огромна важност за вашата компанија, особено во ерата на засилени сајбер безбедносни закани. Со оваа услуга на Македонски Телеком секогаш имате можност за враќање на податоците од резервната копија и продолжување на редовните деловни активности во случај на ИТ безбедносни инциденти.

Понатаму, во посебни осврти објаснуваме како интеграцијата на вештачката интелигенција во гласовниот асистент и во паметните фабрики креира синергија помеѓу различните технологии и дава нови можности за иновација и подобрена продуктивност во вашата бизнис околина.

Донесуваме и краток преглед за потенцијалот на најновата 5G генерација на мобилни мрежи и за начинот на кој таа ја револуционизира комуникацијата за подобрено производство и поврзување во рамките на една компанија, односно фабрика.

Современото решение дизајнирано за далечинското следење на чистотата на водите во реално време обезбедува рано откривање на настаните поврзани со ризикот од загадувањето, на тој начин овозможувајќи подобра заштита на животната средина и на биодиверзитетот во водите.

Ве информираме и за нашето иновативно решение за управување со возниот парк, коешто може да биде прилагодено за да одговара на вашите специфични потреби, со вклучување комплексни анализи коишто му стојат на располагање на администраторот на решението.

Успешната трансформација на вашиот бизнис продолжува со решенијата претставени во Т Бизнис магазинот. Остануваме во контакт.

T Business logo
Импресум
Десктоп верзија