Брзини на мобилен интернет
Брзини на 4G технологија (LTE)
Максимална брзина којашто може да ja постигне LTE уред од категорија 6 е:
- во DOWNLINK (при преземање податоци) - 250 Mbps;
- во UPLINK (при праќање податоци) - 50 Mbps.
Условите од кои зависи брзината на пренос се:
- Оддалеченост од базната станица;
- Број на корисници / оптовареност на базната станица;
- Можностите на 4G уредот. Доколку уредот не е од категорија 6, максималната downlink брзина што може да се достигне е 150 Mbps.
Во реални услови, при преземање податоци (за downlink), овие брзини се движат од 50 Mbps до 70 Mbps, што претставува 10 -15 пати повеќе од брзините што ги обезбедува 3G мрежата во слични услови.
Брзини на 3G технологија (HSPA)
Максимална брзина којашто може да се постигне со HSPA (3G) технологијата е:
- во DOWNLINK насока (при преземање податоци) – 42 Mbit/s;
- во UPLINK насока (при праќање податоци) – 5,76 Mbit/s.
Условите од кои зависи брзината на пренос се:
Oддалеченoст од базната станица;
- Бројот на корисници кои во моментот ја користат базната станица;
- Можностите на 3G уредот.
Земајќи ги предвид сите овие фактори, реално можат да се очекуваат брзини од 1 Mbit/s до 4 Mbit/s, што е за околу 10 пати побрз интернет во споредба со GPRS/EDGE.
Брзини на 2G технологија (GPRS и EDGE)
Максимална брзина којашто може да се постигне со GPRS технологијата е:
- во DOWNLINK насока (при преземање податоци) – 48 Kbit/s;
- во UPLINK насока (при праќање податоци) – 24 Kbit/s.
Максимална брзина којашто може да се постигне со EDGE технологијата е:
- во DOWNLINK насока (при преземање податоци) – 236,8 Kbit/s;
- во UPLINK насока (при праќање податоци) – 118,4 Kbit/s.
Условите од кои зависи брзината на пренос се:
- Мрежна покриеност со GPRS, EDGE технологија. GPRS технологијата е овозможена секаде каде што има и GSM сигнал, додека EDGE технологијата е овозможена на поограничена територија. Информација за покриеноста може да се најде на мапата на следниовлинк.
- Можностите на мобилниот уред (телефон или картичка - USB-PCMCIA), дали тој поддржува GPRS и EDGE технологија;
- Класа на мобилниот уред за GPRS и EDGE посебно. На пример, класа 10 за GPRS, значи дека уредот поддржува максимална брзина од 48 Kbit/s во downlink, а класа 10 за EDGE, значи дека уредот поддржува максималната брзина од 236.8 Kbit/s во downlink;
- Услови во радио мрежата - јачина на приемниот сигнал.