Политика за користење на колачиња („cookies“)
Нашата веб страница користи колачиња („cookies“)заради оптимално и подобрено корисничкото искуствo и унапредени функционалности на веб страницата.
Со цел да се обезбедат информации за посетителите на нашите веб страници, во оваа Политика за колачиња се опишани намената на колачињата, видовите колачиња коишто ги користиме на веб страницата, начинот на кој може да ги измените понудените опции за колачиња и целите за нивна обработка.
1. Што се колачиња и за што се користат
Колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки коишто се запишуваат во пребарувачот на вашиот компјутер или мобилен уред при посета на веб страница.
Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач при следната посета на интернет страницата со цел да се олесни функционирањето на интернет страницата или да се запомнат вашите активности и преференции за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја.
Колачињата не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други веб страници.
Податоците поврзани со колачињата не се користат за Ваше лично идентификување.
На нашата веб страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За подобро разбирање на користењето на веб страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство;
- За полесно пронаоѓање на производите/услугите коишто ве интересираат на нашата веб страница,
- За да ги запомниме/да се потсетиме на вашите согласности за користење колачиња на оваа веб страница.
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња („cookies“) на оваа веб страница
Според времетраењето, колачињата можат да се поделат на:
Постојани колачиња
Овие колачиња остануваат на уредот на корисникот за временски период определен во самото колаче. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб страницата којашто го има поставено тоа колаче. Тие не се бришат автоматски кога ќе ја затворите вашата тековна сесија на прелистувачот.
Колачиња од сесија
овие колачиња им овозможуваат на операторите на веб страниците да ги поврзат дејствијата на корисникот за време на сесијата во прелистувачот од каде што пристапува корисникот. Сесијата почнува кога корисникот го стартува прозорецот од прелистувачот и завршува кога корисникот ќе го затвори прозорецот од прелистувачот. Колачињата од сесија се привремени и кога ќе го затворите прелистувачот, сите колачиња од активната сесија од интернет страницата се бришат.
Преку колачињата се собираат технички информации за IP адреса (маскиранa); локација, датум и време на посета на страницата; наслов и URL на страницата којашто се гледа и на страницата којашто била прегледана пред тековната страница; резолуција на екранот на корисничкиот уред; преземени податоци; посетени линкови кон надворешен домен; време на генерирање страници - брзина на страницата; главен јазик на прелистувачот; верзија на прелистувачот и додатоци (PDF, Flash, Java...), верзија на оперативниот систем, идентификатор на уред; кампањи; пребарување на страницата; настани; случаен единствен идентификатор на посетител; време на претходната посета; број на посети.
2. Групи колачиња
Македонски Телеком АД Скопје ги користи следните групи колачиња на веб страниците:
Неопходни/Технички колачиња
Овие колачиња се задолжителни за правилно функционирање на основните функции на веб страницата како навигација, онлајн купување, наплата, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција којашто ја имате со веб-страницата, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не можат да се исклучат со овие поставки бидејќи се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб страницата, како што се прикажување на содржините, движење низ веб страниците, обработка на нарачки во онлајн продавницата, најава со Телеком профилот, пристап до заштитени области на веб страницата...итн.
Повеќе опции во врска со користење колачиња може да прилагодите во Вашиот веб пребарувач со цел тој да ги блокира или да Ве известува за овие колачиња, при што некои делови од веб страницата нема правилно да функционираат.
Опционални/изборни колачиња
- Колачиња за аналитика
Ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и да ги подобриме перформансите на веб-страницата. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страниците. Сите информации коишто ги собираат овие колачиња се анонимни.
- Колачиња за маркетинг
се користат за цели на прикажување рекламни содржини и мерење на ефективноста на нашите кампањи. Овие колачиња директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот веб пребарувач и/или уредот со кој пристапувате на веб. Овие колачиња ни помагаат да ви обезбедиме рекламни содржини коишто се потенцијално релевантни за вас. Овие колачиња се користат и на страниците на други партнери за рекламирање коешто се нарекува ретаргетирање односно прикажување реклами од други веб страници. Овие колачиња не можат директно да се поврзат со одредено лице.
- Функционални колачиња
овозможуваат подобра функционалност и персонализација на содржината на веб страницата. Овие колачиња можат да се поставени од страна на Македонски Телеком или пак од трети страни чиишто услуги се овозможени на веб-страницата. Кога ќе се создадат колачиња од услугите од трета страна, Македонски Телеком не може да го контролира нивното чување и обработка надвор од нашата веб страница.
Доколку не се согласите со користење на овие колачиња, некои делови од веб страницата нема правилно да функционираат.
3. Управување со колачиња на нашата веб страница
При прва посета на веб страница од Македонски Телеком АД Скопје се прикажува порака (банер) којшто ве известува дека користиме колачиња.
За да можете да продолжите со користење на веб страницата, потребно е да одберете една од следните опции:
- Согласност за користење на сите колачиња - неопходни и опционални; или
- Согласност за користење неопходни колачиња и избраните опционални колачиња; или
- Согласност за користење само неопходни колачиња.
Подесувањето на опционалните групи колачиња можете да го промените во секое време преку поставките за колачиња. Неопходните технички колачиња не можете да ги отповикате преку поставките за колачиња.
4. Управување со колачиња преку веб пребарувачот
Користењето на колачињата можете да го прилагодите и преку поставките за веб пребарувачот на вашиот уред.
Меѓутоа, ако ги блокирате сите колачиња (вклучително и неопходните технички колачиња), нема да можете да пристапите до целата веб страница или до одредени нејзини делови/функционалности.
Поставките на пребарувачот за промена на подесувањата на колачињата обично се наоѓаат во менито ‘Options’ или ‘Preferences’ на вашиот прелистувач.
Подолу се наведени линковите со корисни информации околу колачињата кај најпопуларните интернет пребарувачи:
Edge
Chrome
Firefox
Safari
Opera
5. Колачиња од трети страни
Колачињата коишто се поставени од трети авторизирани страни чиишто услуги се овозможени на нашата веб страница се нарекуваат колачиња од трети страни (Third-party cookies). Овие колачиња се поставуваат за да се овозможи користење функционални, маркетинг или аналитички алатки и услуги од трети страни. Со овие колачиња може да се следи корисничкото однесување при прелистување повеќе веб страници на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту пак е овозможено третата страна да го открие идентитетот на оние коишто ја посетиле нашата веб страница.
Некои веб страници можат да содржат колачиња за услуги на социјални медиуми (на пр. Facebook, Google, Instagram, Twitter, YouTube или LinkedIn) коишто можете да ги користите за да споделите содржина поврзана со услугите на Македонски Телеком АД Скопје. Некои од податоците можат да се пренесуваат до провајдерите на услуги од трети страни за сопствени цели на Македонски Телеком АД Скопје.
На нашата веб страница користиме само пиктограми од соодветните социјални мрежи. Kога ќе кликнете на одреден пиктограм ќе бидете проследени до профилот на Македонски Телеком на соодветната платформа од социјалниот медиум. Платформите на социјалните медиуми и давателите на содржини од трети страни ги обезбедуваат нивните услуги и ги обработуваат нивните податоци во согласност со нивните политики за колачиња и приватност.
Кога ќе го активирате приклучокот (plug-in) или линкот до социјалните медиуми со кликнување на пиктограмот, вклучувајќи и при споделување содржини, следните податоци можат да се проследат до провајдерот на социјалните медиуми: IP адреса, информации за прелистувачот, оперативен систем, резолуција на екран, инсталирани приклучоци (plug-ins) за прелистувачот (како што е Adobe Flash Player), претходна веб-страница доколку сте следеле линк (упатувач), URL на тековната страница итн...
Директно на платформата на конкретниот социјален медиум на кој имате креирано корисничка сметка, можете да го проверите и подесите начинот на кој тој ги собира и ги обработува овие податоци.
На нашата веб страна ги користиме следните услуги од трети страни:
е аналитичка алатка од Google Inc. и се користи за следење на однесувањето на корисниците на нашите веб страници и апликации. Користењето на алатката е обезбедено преку колачиња од опционалната група колачиња за аналитика. Дополнителни информации за политиката за приватност се достапни на https://policies.google.com/
е алатка за следење и оценување на корисничкото однесување на веб страниците во форма на топлотна мапа (heatmap). Овие мапи се од суштинско значење за откривање што работи или не работи на веб страницата и кои делови и елементи на веб страницата корисниците најмногу ги користат. Користењето на алатката е обезбедено преку колачиња од опционалната група колачиња за маркетинг. Дополнителни информации за политиката за приватност се достапни на https://www.hotjar.com/privacy/
е анкетна алатка што ја користиме за мерење на задоволството на корисниците на нашите веб страници. Користењето на алатката е обезбедено преку колачиња од опционалната група колачиња за аналитика. Со оваа алатка не споделуваме никакви лични податоци со што се обезбедува анонимност на корисникот. Политиката за приватност на Medallia може да се најде овде: https://www.medallia.com/privacy-policy/
се алатки коишто ги користиме за 3D презентација на уредите од нашата онлајн продавница со што за корисниците овозможуваме оптимално корисничко искуство при прегледување на продуктите. Со оваа алатка не собираме и не споделуваме никакви лични податоци. Поставувањето и користењето на алатката за конверзација е обезбедено преку колачиња од групата на неопходни технички колачиња. Дополнителни информации за политиката за приватност се достапни на: https://binkies3d.com/
е алатка којашто ја користиме на некои од нашите веб страници за комуникација и конверзација за корисничка поддршка преку моделите на текстуална комуникација со агент (live chat) или преку моделот текстуални пораки (messaging/chatbot conversation). Поставувањето и користењето на алатката за конверзација е обезбедено преку колачиња од опционалната група функционални колачиња. Дополнителни информации за политиката за приватност се достапни на: https://www.nice.com/
е алатка којашто ја користиме на некои од нашите интернет страници за комуникација и конверзација за корисничка поддршка преку моделите на текстуална комуникација со агент (live chat) или преку моделот текстуални пораки (messaging/chatbot conversation). Поставувањето и користењето на алатката за конверзација е обезбедено преку колачиња од опционалната група функционални колачиња. Дополнителни информации за политиката за приватност се достапни на: https://www.liveperson.com/
е алатка којашто ја користиме на некои од нашите веб страници за комуникација и конверзација за корисничка поддршка преку моделот текстуални пораки (messaging/chatbot conversation) и/или видео повик/конверзација. Поставувањето и користењето на алатката за конверзација е обезбедено преку колачиња од опционалната група функционални колачиња. Дополнителни информации за политиката за приватност се достапни на: https://onlive.site
на нашата веб страница се интегрирани компоненти за прикажување видеа достапни на YouTube видео порталот. Користењето на YouTube компонентата е обезбедено преку колачиња од опционалната група функционални колачиња. Дополнителни информации за политиката за приватност се достапни на https://policies.google.com/
6. Политика на приватност
За повеќе информации за заштита на правата на приватност во нашата компанија, прочитајте ја нашата Политика за приватност