Мој
Телеком

Сѐ за вас на едно место

Со Мој Телеком имате едноставен преглед и можност за управување со вашите приватни Телеком услуги, преку компјутер или мобилен уред во секое време од кое било место.

Moj Telekom banner

Мој Телеком
Придобивки

Едноставно додадете ги мобилните и фиксни услуги и безгрижно управувајте ги преку
Мој Телеком.

Откако ќе ги додадете услугите во Мој Телеком, веднаш можете да ги управувате и од
Telekom MK App. И обратно – ако услугите ги додадете во Telekom MK App, тие се видливи и во Мој Телеком.

moj-telekom-internet

Проверка на интернет
Активирање услуги

moj-telekom-panel

Преглед на трошоци
Детален увид во сметката

moj-telekom-card

Плаќање сметка
Активирање е-сметка

moj-telekom-prepaid

Дополни припејд
Сподели припејд

moj-telekom-diagnostic

Дијагностика на линија
Пријава на пречки

moj-telekom-media

Виртуелен
техничар

Со онлајн алатката за дијагностика, самостојно решете ги вашите пречки поврзани со фиксните услуги: Интернет, Телевизија, Телефон или пријавете пречка за мобилна и/или за фиксна услуга.

Како да користам Виртуелен техничар?

Помош и
поддршка

Доколку имате прашања за користење на Мој Телеком, по најава, одговорите ќе ги најдете на страницата за Помош и поддршка.

Доколку ви треба дополнителна помош, преку алатката „Live chat“, пишете ни и нашиот онлајн активен асистент ќе ви одговори на секое прашање поврзано со услугите и продуктите.

moj-telekom-help

Често поставувани прашања

За најава во Мој Телеком за корисничко име ја користите вашата е-адреса и лозинката кои ги креиравте при регистрација на вашиот Телеком профил.
Доколку при користење на Telekom МК мобилната апликација го имате комплетирано вашиот профил со е-адреса и лозинка, тогаш за најава во Мој Телеком можете да ги користите таа е-адреса и лозинка, но исто така можете да го користите и мобилниот број со кој сте пристапиле на апликацијата, заедно со лозинката која сте ја креирале при комплетирање на профилот.
Доколку при најава во Мој Телеком го користите за корисничко име – мобилен број и лозинка, мобилниот број треба да биде во формат 3897YXXXXX.

Пристапете на страницата за најава преку https://mojtelekom.mk/, или кликнете на линкот „Најави се“ од менито на www.telekom.mk

На страницата за најава, доколку немате регистрирано Телеком профил, кликнете на линкот „Регистрирјате се“, под копчето за најава.

За да регистрирате Телеком профил, потребно е да ги внесете следните податоци:

  • Име
  • Презиме
  • Е-адреса која ќе ја користите како корисничко име за најава.
  • Лозинка, која ја дефинирате вие.

По полнување на податоците, ќе добиете линк за потврда и активирање на Телеком профилот.

Линкот за активирање на Телеком профил има валидна употребливост во траење од 24 часа. Доколку не го кликнете во тој период и не ја потврдите регистрацијата, Телеком профилот нема да се регистрира.

На страницата за најава кликнете на линкот „Ја заборавивте лозниката?"
На следната страница во полето внесете ја е-адресата која ја користите како корисничко име.
По внесувањето на вашата е-адреса ќе добиете линк кој со клик ве води до страницата со форма за промена на лозинката.
Линкот во е-адресата за промена на лозинка има валидна употребливост во траење од 30 минути. Доколку не го кликнете во тој период и не ја потврдите промената на новата лозинка, сѐ уште ви останува во употреба старата, последно дефинирана лозинка.
Доколку при промена не ви биде прифатена дефинираната лозинка, за ваша заштита, во функција е правилото да не може да ги користите последните 5 искористени лозинки.

Со регистриран Телеком профил од ваша страна и креирани единствени податоци за најава: корисничко име и лозинка, на безбеден начин имате можност да пристапите до Мој Телеком, како и до следните веб и мобилни апликации и платформи: Telekom MK - мобилната апликација, верзија на Мој Телеком; онлајн продавницата на Македонски Телеком и порталот www.telekom.mk; MaxTVGO – веб и мобилна апликација.

Виртуелен техничар е алатка со која можете да ги решите можните пречки, брзо, лесно и самостојно. Благодарeние на оваа алатка кога сте најавени на Мој Телеком платформата или на Telekom MK мобилната апликација, со неколку клика ќе бидете во можност да детектирате, отстраните или пак, да пријавите пречка што се однесува на фиксни сервиси поврзани со Интернет, Телевизија и Телефонија, како и да пријавите проблем со мобилната телефонија.
Во момент кога имате проблем со сервис од фиксна линија, наместо да чекате на слободен агент во Контакт центар, обидете се да го средите проблемот преку Виртуелниот техничар.
Виртуелниот техничар ќе ги поправи пречките од вашата линија доколку имате проблеми кои можат да се отстранат далечински и не се поврзани со прекин на линија или неисправеност на уредите во вашиот дом.

Telekom mk app

Преземете ја мобилната апликација

moj-telekom-phone
Десктоп верзија